Како лежечките полицајци придонесуваат за воздушното загадување?

СПОДЕЛЕТЕ

lezeci_policajac[1]

Британскиот национален институт за здравје предлага пар конкретни мерки во сообраќајот, со кои значително би се намалило загадувањето.

Во просек, дури 64% од загадувањето на воздухот во урбаните средини е предизвикано од моторните возила и нивните издувни гасови. Ама улога да ти имале и „лежечките полицајци“.

Институтот наведува дека дури и без намалување на бројот на возила на градските сообраќајници, можно е да се направат значајни чекори кон намалување на загадувањето во урбаното опкружување, и тоа со подобрување на текот на возењето, т.е. избегнување на честото забавување и застанување, познато како „тргни-застани“ – кога моторите на автомобилите кои стојат на улицата работат „во лер“.

Подобриот проток драстично би го намалил загадувањето на воздухот, а тоа може да се постигне преку релативно едноставни измени во сообраќајот. Имено, отстранувањето на разните успорувачи, како што се „лежечките полицајци“, би довело до помалку нагло успорување и кочење, за веднаш потоа да би забрзале, при што се испушта поголема количина на издувни гасови отколку кога автомобилите се движат со константна брзина.

Стигнуваме до важното прашање: Зар не се лежечките полицајци поставени со добра причина? Се, особено во близина на училиштата и градинките, и британскиот институт го има тоа во предвид. Заради тоа се прелага наместо овој вид на успорувачи, да се воведат пониски ограничувања на брзината во критичните зони каде што сега има „лежечки полицајци“. Во Британија, конкретно, тоа би значело дека во овие зони ќе биде дозволено да се вози со максимална брзина од 32 км/ч.

Уште една мерка во насока на намалување на загадувањето на воздухот е воведување на зони во кои би било забрането моторите да работат „во лер“, што е голем проблем, особено во близина на училиштата, каде родителите често застануваат со своите автомобили кога ги чекаат децата, притоа не гасејќи го моторот.

Прочитајте и:  Во Барселона: 3 години бесплатен превоз ако се откажеш од стариот автомобил