Кина им бапна данок на скапите автомобили

Кинеската влада воведува дополнителен данок од 10% на сите возила со почетна цена над 1,3 милиони јуани (189.000 долари), соопшти AutomotiveNews. Целта на оваа мерка е да се стимулира користењето на по еколошки и економични модели.

Меѓу најзасегнатите од новиот данок ќе се компании како Ferrari, Lamborhini, Bentley… Законската регулатива  влегува во сила веднаш, а владата размислува како дополнителна мерка да ја продолжи со даночните попусти за мали автомобили, која истекува на крајот на декември. Експертите тврдат дека дополнителните трошоци нема да влијаат особено на пазарот на супер луксузните автомобили во земјата.

Претставник на Audi во Кина коментира дека новата такса само ќе направи луксузните автомобили уште поексклузивни и соодветно – попривлечни за клиенти кои сакаат да се истакнат. „Не очекуваме поголемиот дел од нашиот бизнис да биде засегна. Но, бидејќи мерката беше прогласена ненадејно, се цениме дека такви ефекти и ќе има“, коментира портпаролот на кинеското застапништво на BMW. Само неколку од моделите на Баварците ја надминуваат границата од 1,3 милиони јуани. Поинаку стојат работите кај Rolls-Royce, ќерка марка на BMW. Таксата влијае на речиси сите модели на Ferrari и Aston Martin. Допрва ќе се види како ќе се одрази тоа и на Lamborghini, кој само за првото полугодие пласира во Кина рекордни 2.000 возила. Bentley исто така има голем интерес на кинескиот пазар, поради успехот на својот теренец Bentayga, чија цена почнува од 3.98 милиони јуани.

Автоплус

- Реклама -