Австралиските камиони со 110 тркала

5190237b78c9a813a485ee949bb70e97[1]

Австралија е голема земја, а најголемиот дел од популацијата живее во осамените крајбрежни градови како Сиднеј, Мелбурн и Перт. Нема многу луѓе што живеат во централните области, или во Западна или Северна Австралија, па затоа Австралија и нема трансконтинентална железница како што би се очекувало од една голема земја, како што е тоа случај во САД, да речеме. Ама затоа Австралија има многу патишта. Долги, рамни, прави патишта, кои се протегаат по стотици километри, а располагаат само со малку места за запирање, одмор и дополнување гориво.

­
­

Во овие пустелиски области се наоѓаат голем дел, ако не и најголем дел од австралиските фарми и рудници, кои ги обезбедуваат ресурсите од кои големите градови директно зависат. Единствената „комуникација“ на ресурсите од централните области со урбаните центри се одвива преку камионите. Но, заради набројаните околности, како и заради тоа што не мораат да се грижат за релјефот на теренот и сообраќајот на патот, по овие патишта во Австралија возат посебен вид на камиони.

australias-population-density[1]
Мапа на густината на населението.

Да се најдете на пат заедно со еден од тие камиони, ќе имате исто чувство како до вас да поминува товарен воз. Затоа и ги викаат „road trains“, затоа што се составени од неколку приколки и се долги како воз. Причината за нивното постоење е многу едноставна – економската исплатливост; зошто да пренесуваш железна или цинкова руда со стандардни камиони со 18 тркала и носивост од 40 тони, кога можеш да закачиш повеќе приколки, да ги закачиш на моќна машина, и да пренесеш неколкукратно повеќе товар во еден наврат?

maxresdefault[1]

После сето набројано, не е изненадување што најдолгиот камион на светот е во сопственост на австралиска компанија. Се работи за специјалниот модел 3B, многу попознат како Centipede („стоногалка“). Тежок е 205 тони, долг речиси 50 метри (160 стапки), има 18 брзини, моќност на моторот од 550 коњски сили, и носи резервоар со повеќе од еден тон гориво. Има 110 тркала, на 28 оски.

Рударската компанија во сопственост на Стоногалката е толку задоволна од неговите перформанси, што изгради уште еден идентичен камион со 110 тркала – во превод, сега има два идентични најдолги камиони во светот (има епик момент во видеото кога се разминуваат). Австралијците пак, станаа толку зависни од џиновските долги камиони, што планираат во иднина да прават и подолги.

rt1 rt2 rt3 rt4 rt5 rt6 rt7 rt8 rt9 rt10

The-World’s-Longest-Truck-–-Road-Trains-in-Australia[1]

- Реклама -