Вака изгледа најстарото неотворено вино

СПОДЕЛЕТЕ

CFWEkAvUsAAA1XB[1]

Колку постаро виното, толку подобро, нели? Е па не и кога е too damn old, што би рекле Американците.

Археолозите не знаат кога луѓето за прв пат почнале да култивираат грозје, но теориите велат дека раните луѓе се качувале по дрвата за да берат зрна и веројатно им се допаѓал благиот вкус, па ги собирале зрната и ги чувале за подоцна. Меѓутоа, со тек на време, ќе започнела ферментација на дното на садот во кој ги чувале зрната, создавајќи течност што била далеку повкусна и попримамлива од зрната кои ги јаделе.

Се смета дека потеклото на (човечки произведуваниот) алкохолот датира од пред 10.000 до 8.000 години пред нашата ера, кога луѓето преминале од номадски кон седентарен (немиграциски) начин на живот, и агрикултурата имала главен приоритет – со тоа и одгледувањето на лозници и правење вино).

Според археолошките податоци, најстарите достапни примероци од производство на вино доаѓаат од разни делови на планетата: винското производство било широко распространето во Грузија уште од 6.000-тите години пред нашата ера, во Иран – уште од 7.000 години пред нашата ера, во Грција – уште од 4.5000 години п.н.е. , во Ерменија –  уште од 4.100 години п.н.е.

112-1-325x640[1]

Ова на сликата не е толку старо, но ги руши сите рекорди за најстаро најдено неотворено вино на планетата. Најдено е во 1867 година во римска гробница во областа Rhineland-Palatine (најстарата населба во регионот), во близина на регионот Спејер во Германија. Го нарекуваат The Speyer Wine Bottle.

Виното од Спејер потекнува од 325 до 359 година од нашата ера, а гробот во кој е најдено му припаѓал на римски благородник од 4-от век. 1.5-литарското шише е обложено со дебел слој од мешавина од маслиново масло и восок (како што било обичај да се чува виното во 4-ти век во тој регион), што ефективно спречува било какво надворешно влијание врз виното.

110-1-480x640[1]

Што се однесува до самото вино во шишето, предмет е на многу шпекулации. Се смета дека најголем дел од етанолот на течноста во шишето е изгубен, но анализите сугерираат дека барем еден дел од содржината на шишето сé уште е вино. Научниците долго се обидуваат да добијат дозвола да го отворат и да извршат целосна анализа, но се стравува дека интеракцијата на течноста со надворешната средина може потенцијално да ја оштети содржината и со тоа да го направи најстариот вински артефакт бескорисен; затоа и веројатно ќе остане неотворено.