Окултни симболи и илустрации на Ѓаволот во книга од 18-ти век

1-153

Демонскиве суштества презентирани овде се илустрирани во „Compendium rarissimum totius Artis Magicae sistematisatae per celeberrimos Artis hujus Magistros“ – ретка книга која зборува за окултното, а потекнува од 1775 година. Пишувана е со микс од Германски и Латински, и содржи 31 илустрација (во боја) од Ѓаволот и неговите демонски помошници, како и цели три страници од магиски и окултно-ритуални симболи.

Со предупредување „NOLI ME TANGERE“ („не допирај“) на својата корица, на компендиумот (колекција од концизни, но детални информации, најчесто во вид на книга или друга публикација) се гледа како на последен обид на „луѓето од верата“ да всадат страв во суеверијата. За тоа говори фактот што Compendium Artis Magicae е создадена во декатдата на револуциите (американската и француската) и во „ерата на просветленоста“ – кога разумот, науката, и моќта на индивидуалноста доминираа, а првите раздвижувања во индустријата беа на пат да ги променат Европа и светот засекогаш. Грозоморните судења на вештерки од 16-от и 17-от век веќе беа долго забранети, а практикувањето на вештерство веќе не беше сметано за криминален акт. Што го прави постоењето на компендиумов уште побизарен.

Илустрациите пак, се микс од грчко-римски митски суштества: химери како Кербер и Хидра, феникиски богови (Астарте/Астарот) и библиски ѓаволи (Белзебуб, Сатана); останатите се инспирирани од сведоштва на колење на мажи и ѕверови на европските бојни полиња.

15324443694_a2c43cfd08_b 15324458654_8696cda7dd_b 15327001453_7a2dca9fb7_b 15327036763_69168b9228_b 15327050203_9d73e2fd96_b 15759162888_1af212692a_b 15759169178_708df08519_b 15759189728_c1b69a30bb_b 15759237108_06af2ed162_b 15759310388_10644313f1_b 15759334520_8a364917b1_b 15759344850_934f460736_c 15759393400_3e67351c13_b 15759451210_8cd464cfd6_b 15760841997_91e2d2c51e_b 15760990307_ca64a17680_b 15761006717_79ceab9965_b 15920802146_0e1d633ae9_b 15920839996_b3073bf82b_c 15920848636_f8ab9ce78d_b 15920915676_82ca96bcd2_c 15944663951_91cd47ed24_b 15944709131_645cdfd409_b 15944741881_22ae006ab0_b 15945931482_772e5a7423_b 15945978972_d055202b8a_b 15945987802_0278ef460e_b 15946033062_da7af5bbce_b 15946586785_fc17f906a4_b 15946679415_c9ac6d434b_b 15946692875_5e36a5b1ea_b 15946707805_dceaa8c1d1_b

- Реклама -