Теремин – извонредниот музички инструмент што никогаш не го допираш

Etherwave_Theremin_Kit[1]

Обично е лесно да ги категоризираш музичките инструменти во нивните соодветни категории: дувачки, жичани или ударни. Ама каде ќе категоризираш музички инструмент што всушност никогаш не го допираш?

Теремин е еден од најчудните експериментални музички инструменти на сите времиња. Познат и како етерофон или тереминофон, создаден е од рускиот иноватор Леон Теремини во 1928 година. Со тоа е еден од првите музички инструменти кој користи електрична енергија за да произведе звук. Притоа, на него се свири без да го допирате.

Практично, тереминот практично го претвора телото на свирачот во музички инструмент. Типично е составен од две метални антени, кои ја насетуваат корелативната позиција на рацете на свирачот.

Како работи?

Со едната рака, свирачот ја контролира фреквенцијата преку осцилаторите, а со другата – амплитудата на гласноста. Електричните сигнали од тереминот се амплифицираат и се испраќаат до звучникот. Во пракса, ако свирачот ги приближи рацете поблиску до едната антена, се менува висината на тонот. Ако ги приближи до другата – се зголемува гласот.

Иако извонредниот теремин никогаш не стана мејнстрим музички инструмент, тој е совршен пример на мост меѓу уметноста и инженерингот.

Како работи? („Ако сакаш да знаеш повеќе“ верзија)

Кондензаторот е направа која може да складира електрично полнење составена од две плочи, кои можат да пренесуваат струја преку нешто меѓу нив, било да е воздух или нешто друго – наречено диелектрик. Кога има електричен проток, електроните се стремат да течат меѓу плочите, но се блокирани од диелектрикот. Па така, електроните остануваат заглавени на едната страна на кондензаторот, а електричното полнење се таложи. Со правилното сетирање, заглавените електрони порано или подоцна ќе ја сменат насоката и ќе се упатат надолу кон жицата кон другата страна на кондензаторот. Оваа шема продолжува да се одвива со тоа што електроните одат напред-назад од едната во другата страна, и создаваат наизменична струја која осцилира на одредена фреквенција.

Е сега, музичкиот инструмент теремин нема цели кондензатори. Ако го замислиме како кондензатор, едната антена ќе ја претставува едната плоча, а другата плоча всушност се рацете на самиот свирач. Со други зборови, тереминот и свирачот работат заедно и формираат целосен кондензатор, при што музичарот ја има потполната контрола врз осцилирањето на струјата. Кога ги доближува рацете до антената, „плочите“ на „кондензаторот“ се поблиску една до друга, па се складира повеќе напон и струјата осцилира на пониска фреквенција. А се разбира, струјата од друга страна има способност да вибрира звучник и да создава звучни бранови.

Но, ако процесот остане ваков, оригиналната фреквенција би била околу 250 килохерци, што е над распонот што луѓето можат да го слушнат. Затоа, тереминот прави нешто што се нарекува хетеродајнинг (heterodyning) – ја меша осцилирачката струја со пре-сетирана струја. За време на хетеродајнингот, миксот од двете продуцира финална струја со фреквенција подобна за луѓето, обично во рамките на распонот на пијаното.

ThereminSchematicPowerSupply[1]

- Реклама -