Alfetta – новиот голем седан од Alfa Romeo

alfeta

Alfa Romeo Alfetta ќе стане идеен наследник на моделите како Alfa Romeo 164 и 166. Технолошки и маркетиншки моделот ќе биде позициониран на врвот во гамата на италијанскиот производител и ќе треба да им конкурира на модели како BMW 5, Mercedes E-класа, Audi A6 и Jaguar XF.

Политиката за ажурирање на гамата на Alfa Romeo, доведе до развој на новата платформа Giorgio, врз која беа изградени седанот Alfa Romeo Giulia и кросоверот Stelvio. Првиот веќе се појави на пазарот, а вториот во моментов е во финалната фаза на развој и предлансирачки тестови. Не е тајна дека во компанијата веќе работат на трет модел базиран на истата архитектура, седан изведба од високата средна класа. Големиот седан ќе ја користи не само платформа од Giulia, туку и истите мотори и менувачи. Ќе има и набилдана модификација, која ќе добие 2,9-литарски V6 мотор, кој развива 510 КС. Тој ќе биде земен од Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio Verde, а ќе се претвори во директен ривал на BMW M5.

Се очекува прототипот на моделот да се појави на почетокот на 2017 година, а стартот на  производството и светската премиера се предвидени за 2018 година. Името Alfetta не е непознато за фановите на брендот – во периодот 1972 – 1984 година компанијата произведува модел со тој назив не само во Италија, туку и во Јужна Африка.

- Реклама -