Twelve Moons Of Jazz: Месец на џезот во градот…

12moons

Зад аголот на големите случувања, Twelve Moons Of Jazz суптилно се наѕира во нов изглед. На секојдневниот минувач во секојдневната сопственост, често пати му е потребна насока и место за инструментална воздишка во која ќе се откриваат домашни артисти затскриени од сенката на комерцијалниот интерес и просторно отсуство во кое ќе живее и ќе се надоградува џез културата. Во потрага на взаемен поглед и амбиентална позадина, шестиот по ред Twelve moons of jazz ве кани на нова локација, Станица 26.

Во серијалот од настани, овој пат ќе имаме можност да ја следиме нотата на саксафонот во предводењето на главниот збор. Следниот гостин на Twelve Moons Of Jazz е Џез квартетот „Equinox“ составен од Горан Кавраков на саксофон, Панко Гелев на гитара, Боро Шопов на бас гитара и Филип Крстевски на тапани кои претставуваат исклучително талентирани солисти. Овој уникатен квартет го создаваат образовани музичари кои се насочени кон квалитет и темелност во пристапот кон џезот како уметност. Во изминатиот период, квартетот „Equinox” интензивно работи на созревањето на авторски албум создаден од модерни џез и фанк композиции.

По концертот на „Equinox” ќе следи квалитетно раздвижување со џез сет на DJ Шурбе.

Влез: 150 денари

Билетите се во ограничен број, а истите може да се купат преку продажните мрежи на:

http://www.mktickets.mk/

https://www.karti.com.mk/

Резервации: +389 72 562 405

FACEBOOK EVENT:

https://www.facebook.com/events/1599845453651555/

- Реклама -