Оружје и наркотици во првиот ден по пуштањето на Marketplace

ctm_facebooklogin[1]

Откако Фејсбук ја воведе својата нова услуга Markerplace во понеделникот, брзо стана очигледно дека таа не служи баш како што беше наменета.  Наместо користен мебел, половни автомобили и слично, корисниците почнаа да објавуваат огласи за продажба на оружје, животни, дрога и други забранети производи.

Facebook соопшти дека системот за контрола и откривање на прекршоците потфрлил заради „технички проблем“. Рекоа дека работат на решавање на проблемот и дека внимателно ќе ги набљудуваат системите, а пристап на  повеќе луѓе до Marketplace ќе овозможат дури кога ќе можат да гарантираат прописно следење и отстранување на прекршоците.

Засега изгледа дека проблемот е решен, со оглед дека ниту еден од јавно нелегалните или забранети предмети не се појавува меѓу предложените стоки за продажба.

Настрана големите технички пропусти, не би требало да биде проблем да се филтрираат повеќето забранети производи на Marketplace. Мрежата за бесплатни реклами Craiglist, на пример, исто така се соочува со голема количина на спам, но не е така преплавена со забранети стоки како што беше Фејсбук во понеделникот.

Најголем проблем социјалната мрежа има со продажбата преку приватните групи на Фејсбук. Продажбата на оружје, на пример, продолжува да се одвива токму на овој начин, и покрај забраната.

- Реклама -