Риалити чек: Колку сме несреќни

bad luck

Да не се разбереме погрешно, не сакаме никому да му го попречиме правото да се жали секогаш, секаде и за сé. Само сакаме да укажеме на пар статистики:

• Ако денес сте се разбудиле здрави, значи имате повеќе среќа од 1 милион луѓе кои нема да го дочекаат следниот викенд.

• Ако не сте доживеале војна, затвор, мачење или глад, ви се посреќило повеќе отколку на 500 милиони луѓе во светот.

• Ако можете да отидете и да се помолите во кој и да е храмот што го сметате за соодветен, имате повеќе к’смет од 3 милијарди луѓе во светот.

• Ако во фрижидерот имате храна, ако сте облечени и имате обувки на нозете, и не спиете под ведро небо, вие сте побогати од 75% од луѓето во светот.

• Ако поседувате банкарска сметка и згора на тоа нешто пара во паричникот,  вие сте меѓу 8-те проценти финансиски обезбедени г’злаци на светов.

• Ако го читате ова, значи не сте од 2-те милијарди кои не се писмени. Згора на тоа го читате на екранот на компјутерот, што ве прави дел од 16-те проценти од популацијава на планетата кои имаат пристап до интернет.

- Реклама -