Кога едно дрво вреди повеќе од климатизерите

Vue aerienne des batiments du centre ville de Sion ce samedi 23 aout 2014 a Sion. (KEYSTONE/Laurent Gillieron)

Како Швајцарија ги лади градовите?

Зголемувањето на температурите во лето влијае на секојдневниот живот и здравјето на луѓето што живеат во градовите. Пола човештво живее во градовите.

Па, што да се прави? Одиме во Сион – швајцарскиот град што донесе и веќе спроведе добар дел од планот за анти-горештини.

Да ја земеме за пример сега пешачката улица Roger Bonvin Way, која се наоѓа на границата меѓу две многу прометни соседства на градот. Тоа што до пред неколку месеци беше бескрајна лента од цемент и асфалт, денес е симбол на трансформацијата на Сион.

„Порано луѓето само поминуваа одовде. Сега запираат“, вели архитектот Лорент Есиг, одговорен за проектот да ја реновира Roger Bonvin Way (види мапа).

Како што напоменавме, новите зелени површини на Roger Bonvin Way не се само за око или за да се создаде простор за дружење, туку се дел од владиниот пилот проект кој треба да им помогне на градовите во адаптирањето на климатските промени. Овој во Сион, кој е активен од 2014, е наречен AcclimataSion.

Сион е посебен случај затоа што таму има најголем пораст на температурата. Во последните 20 години, просечната температура е зголемена за 1°C, а ако меѓу 1960 и 1980 имаше 56 дена годишно со температури повисоки од 25°C, сега се 76. Дополнително, Сион има иста количина на дождови како Мароко.

Урбани жаришта

Пола човештво знае на своја кожа дека летно време градските центри се претвораат во рерни. Овие се наречени „урбани жешки острови“ (во суштина – топлотни џебови) – феномен што е поврзан со густината на асфалтот и зградите, и со жештината создадена од автомобилите, индустријата и системите за греење/ладење и климатизација.

Во градовите, температурата може да биде повисока и за 4 до 5 степени отколку во неурбаните области. Не само што заради тоа страдаат жителите, особено постарите, туку страда и биодиверзитетот и почвата, која лесно може да пресуши кога веќе не може да ја впие дождовната вода.

„Затоа мора да се зголеми покриеноста со растенија и да се модифицираат покривките на земјата“, вели Лионел Тудиско од локалната служба за урбано планирање. „Едно дрво обезбедува иста свежина како 5 клима уреди“, дополнува тој.

„Ставањето на вегетација на асфалтираните површини може да ја снижи температурата на воздухот и за 5 степени Целзиусови“, вели Мартине Ребетез – климатолог од универзитетот во Neuchâtel и Швајцарскиот федерален институт за шуми, снег и истражување на почви, за весникот Le Matin Dimanche.

Оаза на свежина

Долж Roger Bonvin Way беа посадени околу 700 јаворови дрва, беа поставени околу 5.000 m² зелена површина, а има и отворен базен, кој помага во овлажнувањето на воздухот.. Како резултат и почвата стана попропустлива (за воздухот и дождовните води), сé на сé создавајќи пријатна микроклима. Патем, дрвата уште не се пораснати, па Тудиско со право вели дека кога ќе се случи, местото ќе стане оаза на свежината.

„Каде што порано имаше автомобили, сега има дрва и летниковци. Материјалот користен за поплочување на земјата е посветол по боја, за да ги рефлектира сончевите зраци подобро, и е пропустлив. Не само што ја намалуваме топлината, туку го враќаме и природниот циклус на водата. И ризикот од поплави е намален“, вели Тудиско.

Што можеме ние да научиме од Швајцарија?

Освен сé погоре наведено, постојат и други решенија за превенција од создавање на урбатни топлотни џебови, што беше потврдено и на неодамнешната интернационална конференција во Берн. Меѓу нив се и создавање на „коридори“ кои носат свеж воздух од околните шуми и планини во градот, како и создавање на зелени површини на крововите на зградите. Дури и самото менување на бојата на крововите може да има голем ефект.

„Температурите во градовите можат лесно да се намалат за неколку степени, едноставно менувајќи ја бојата и термофизичките својства на зградите“, вели Алејн Клапир – професор по климатологоија на универзитетот во Стразбург и Швајцарскиот федерален институт по технологија на Лозана (EPFL). На сончев ден, покрив покриен со вегетација останува на температура од 30°C. Темно обоен покрив, од друга страна, качува и до 80° Целзиусови.

Промена на свеста

Па, во очекување на зголемувањата на температурите – кои во Швајцарија ќе пораснат за 3 до 4 степени до крајот на векот, – дали е доволно само да посадиме неколку дрва во градовите? Не баш, велат експертите.

Садење дрва да, но треба да се прави правилно, вели Ингрид Конинкс од Универзитетот во Вагенинген во Холандија.

„Ако ветерот и воздушните движења се спречени да допрат до земјата, постои ризик од зголемување на температурите и заробување на загадувањето“.

А ако веќе зборуваме за градови што сакаат да се адаптираат на глобалното затоплување, главниот предизвик е на друго место, вели Роланд Хофман од Федералната канцеларија за животна средина.

„Сé е околу тоа успешно да се балансира потребата од урбано згуснување диктирана од просторното планирање, и тотално спротивното барање: да се заштитат и задржат и да се создаваат ‘неизградени’ зелени зони и простори што ја прават климата попријатна“.

„Зголемувањето на свеста меѓу градската популација, и особено меѓу сопствениците на недвижнини, е затоа клучна“, додава Тудиско, истакнувајќи дека многу од зградите се во приватни раце. „Тоа треба да биде правило, но тоа ќе се случи само откако ќе ги информираме луѓето околу тоа“.

Што прават другите градови во Швајцарија?

Добар дел од нив се фокусирани на навидум мали климатски мерки, како што се планирање на насоката, површината и висината на зградите; или градење на паркинзи кои користат одржливи материјали и техники на пропустливо асфалтирање кое дозволува водата од бурите да помине низ површината.

Според Мелани Батерлинг од Федералната канцеларија за просторно планирање, секоја од овие мерки има ефект врз тоа како се чувствува топлината. Во Цирих, на пример, во моментов се спроведува истражување за тоа што влијае на урбаната клима и за изнаоѓање на ефикасни решенија околу истата. А тамошните власти активно работат на лимитирање на висината на зградите, со што би се дозволило послободна циркулација на што повеќе воздух.

 

- Реклама -