Село гори, временска прогноза се чешла

vremenska

На друштвените мрежи сега хит се видеата од временските прогнози на УХМР што одеа на вестите на националната телевизија во 17 часот – неколку часа пред невремето, и во 19 часот, кога невремето веќе беше започнато.

Случајот се споредува со оној во Србија и Хрватска на неколку дена пред скопската катастрофална поплава, кога тамошните стручни служби прогласија тревога дури и цел ден пред да дојде бурата. Таму беше издадено и предупредување од второ ниво, во кое се прогнозираа бура, поројни дождови, заладување и силен ветер на подрачјето на Словенија, Црна Гора, БиХ и Хрватска. Најавено беше и времето на поројот: „невремето се очекува да почне кон средината на денов, а подобрување на времето се очекува дури в четврток“.

Во временските прогнози на Управата за хидрометеоролошки работи – такво предупредување немаше. Вака изгледаше прогнозата во 17 часот на МРТ1 МЕТЕО, на 6 август 2016.

А вака изгледаше МЕТЕО во 19 часот. Во тоа време, врз Скопје веќе истураше дожд, а беше проследен и со силни грмотевици.

https://youtu.be/Dhs7TUBQXCE

Не би да се расфрламе со припишување на вина; сепак, во вчерашното известување УХМР нагласи дека „регистрираниот рекорден интензитет на невремето што завчера ја зафати скопската котлина е со веројатност на појавување од 0,1 отсто, или еднаш во илјада години“, а според Управата, промените и движењата беа следени и најавувани и во дневните прогнози на 3, 4 и 5 до 6 август, со потенцирање за дестабилизација во сабота. …Ама дека е иронично, иронично е и тоа како.

ПС. Глигор Митковски  е само презентер на информациите за временската прогноза кои ги соопштува УХМР.

- Реклама -