„Лудакот“ што ќе скока од авион од 8 километри без падобран

luke-aikins-no-parachute-jump-1105853-TwoByOne[1]

Во сабота навечер (30 јули), Лук Ејкинс планира да скокне од авион од висина од речиси 8 километри. Тоа не е главната вест; главната вест е дека ќе скока без падобран, а со план да преживее.

Типов зад себе има 18.000 скокови со падобран, има обучувано некои од најелитните скајдајвери на светот, соработуваше со Феликс Баумгартнер и заслужен е за дел од каскадерските сцени во Ironman 3. Се има намерачено да го сруши светскиот рекорд во слободен пад без падобран. Го планира настанов последниве две години, ама го сонува цел живот.

Феликс Баумгартнер скокна од 38.969,3 метри, со што постави нов светски рекорд (кој во меѓувреме го сруши Alan Eustace во 2014 – 41.419 метри, иако скоковите беа во различни категории), а стана и првиот човек што ја проби звучната бариера без возило. Ама Феликс скокна со падобран и едно чудо опрема. Ејкинс, кој беше еден од тие што му помогнаа на Феликс да го изведе скокот, сега ќе скока од 7620 метри, ама без падобран, без wingsuit и практично без ништо освен облеката на себе, боца со кислород за да може да диши и слушалки преку кои со звучни сигнали ќе му се сугерира местото на доскокот.

Ќе слета на мрежа, се надева. Ќе биде поставена 930 метри квадратни мрежа, на која Ејкинс ќе падне со брзина од 193 км/ч. Ќе биде оптегната на 61 метар над земјата и монтирана на цилиндри со компресиран воздух (практично амортизери) – метод кои се користи и при снимањето на филмови.

Capture%20d’écran%202015-05-06%20à%2015_55_48[1]

Мрежата/метата ќе биде означена со ноќни црвени и бели светла какви што се користат на авионските писти при ноќно слетување. Во случајов ќе служат и за навигација. Кога ќе свети црвеното светло, тоа ќе значи дека Ејкинс е вон метата и во опасност, и дека ќе мора да ја промени насоката. Белото ќе значи дека е по планот.

Колку и да планира, Ејкинс не може да го испланира ветерот. Ветер со брзина од 25 км/ч може сериозно да му го отежни безбедниот доскок. Ако ветерот биде посилен, Ејкинс нема да скока. Дури и скокот на Баумгартнер беше одложен заради ветер.

- Реклама -