Google го купи YouTube

gootube2Oчигледно гласините дека Google ќе го купува YouTube беа нешто повеќе
од обичен муабет. Google плати $1,65 билиони за сите акции, што ја
претставува нивната најголема купопродажба досега.

gootubeOчигледно гласините дека Google ќе го купува YouTube беа нешто повеќе од обичен муабет. Google плати $1,65 билиони за сите акции, што ја претставува нивната најголема купопродажба досега.

 

Што се однесува до 67-те вработени на YouTube, тие најверојатно сега се
во некој хотел, со шампањ во рака и „да пукне“ за зделката што ја
направиле.

Голем број од видеата на YouTube се обични домашни снимки, но има и видеа кои се заштитени со авторски права и токму тоа беше проблем што некои од критичарите го предвидуваа – тие би можеле да бидат тужени во бескрајност.

Но, Харли и Чен минаа месеци за да ги убедат големите медиски компании дека YouTube може да им помогне да заработат со тоа што ќе ги презентира нивните филмови на голем број луѓе, кои секојдневно го минуваат своето слободно време на интернет.

Купувањето на YouTube од страна на Google предизвика притисок кај Yahoo! кои се во преговори да го купат вториот најпопуларен социјален сајт Facebook.com.


„Yahoo! навистина мора да истапи и да стори нешто“ – изјави Роџер Агуиналдо, М&A советник.

Откако YouTube започна со работа во Фебруари 2005 во гаражата на Харли, стигна до бројка од прикажување по 100 милиони видеа дневно. Неговата светска публика беше 2, 8 милиони за да во Август достигне 71.1 милиони. Сега останува на Google да го редефинира концептот за маркетинг на YouTube и да го отвори пазарот за нови идеи и сите заинтересирани клиенти.

 

+ видео од ко-основачите на YouTube – најновите милионери!

{youtube}QCVxQ_3Ejkg{/youtube} 

 

Yahoo! News 

- Реклама -