Електричните возила ја напаѓаат Америка

Во САД стартува кампањата “35 во 2035”, која има за цел да ја намали потрошувачката на нафта и да помогне во зголемување на продажбата на електрични возила.

авт1Аналитичарите на нафтениот пазар во САД укажуваат дека до 2035 година потрошувачката на нафта во САД може да се намали до над 20%. Но, за да се случи тоа, продажбата на електрични треба да е околу 35% од сите трансакции за нови автомобили годишно. Многумина сметаат дека тоа ќе биде тешко да се постигне, но не и невозможно. Во моментов САД имаат потреба од 9 милиони барели нафта дневно, а ако продажбата на електрични се зголемат до 35%, тогаш Американците ќе имаат потреба од „само“ 7 милиони барели нафта на ден. Се претпоставува дека, сепак, многу пореална прогноза е за пад на побарувачката на нафта за 5% и пазарен удел од околу 10% на електрични, за истиот период од 20 години. Клучот за намалување на потрошувачката на нафта во САД е создавање на поприфатливи електрични возила кои имаат поголема автономија. Примери за ова се Model 3 на Tesla и Chevrolet Bolt, како и следната генерација на Nissan Leaf.

авт2Но, последната година донесе движење во спротивна насока, главно поради падот на цените на горивата во Америка. Во февруари во САД беше забележан најголемиот раст во побарувачката на горива на годишна основа во последните четири децении. За изминатата година продажбата на plug-in хибриди во САД стигнаа до околу 7% од трансакциите за нови автомобили, но во текот на минатиот месец е забележан пад од 5,5 проценти, до околу 9.700 примероци.

авт3Агенцијата Reuters прогнозира дека ова лето ќе го одбележи рекордна потрошувачка на горива во САД. Просечната цена на галон бензин во САД е 2,32 долари, што е малку повеќе во споредба со минатиот месец, но пак е за 17% поевтино од пред една година.

авт4

Автоплус

- Реклама -