Човек со двојна ампутација го освои Еверест

inglis470ppМарк Инглис деновиве направи извонреден напор и досега невиден подвиг, со тоа што се искачи на планинскиот масив Еверест.

inglis470
 
Марк Инглис деновиве направи извонреден напор и досега невиден подвиг, со тоа што се искачи на планинскиот масив Еверест.

Инглис, кој ги загуби двете свои нозе од мрзнење пред 23 години, се искачи на врвот со најдобрите планинари во светот преку ноќ – и тој е првиот што сторил такво нешто.

„Прилично е неверојатно да се искачите на Еверест со две вештачки нозе. Тоа е неверојатен напор, волја и истрајност.“ – изјави спонзорот на ова патување.

„Марк е неверојатно момче. Тој ве тера да бидете човек, ве тера едноставно да одите до границите.“

Еверест е висок 8850 метри и Инглис поминал 40 дена на планината за да го изведе овој подвиг. Неговите протези не биле проблем при искачувањето, бидејќи се напрaвени од карбонски влакна и се лесно заменливи дури и ако се прекршат.

Се очекува експедицијата да собере средства за Центарот во Камбоџа кој овозможува грижа и рехабилитација за ампутирани од нагазни мини, како и други останати хендикепирани лица.

- Реклама -