Зошто при сексот жените ги викаат мажите ‘тато’

why-women-like-to-call-men-daddy-during-sex-1463548173[1]

„Душо“, „срце“, „среќо“, „маче“ и сто милиона други мили изрази се вообичаени кога двајца имаат секс. Ама „тато“?

„Многу мажи ми имаат речено дека тоа ги одбива, и дека се загрижени дали е тоа индикатор за ‘проблеми со таткото’“, вели секс-терапевтската Ванеса Марин. „Да, ‘тато/татичко’ може да значи ‘татко’, ама тој збор го користиме и кога сакаме некому да му кажеме дека е шеф, дека има контрола, дека е заштитник или дека добро го прави тоа што го прави. За жените обично има такво значење во креветот. Тоа е малку и клише од порничите од седумдесеттите години. Никогаш немам сретнато жена која својот партнер го вика ‘тато’ зашто навистина сакала да замислува дека ѝ е татко“.

Според теоријата на Фројд, сите ние би си ‘плеснале’ родителите. Исто така Фројд ја смисли и зависта околу пенисот – идејата дека сите жени се опседнати со опсесивна желба да имаат пенис – што е една од основните причини за тоа што Фројд е по малку и маргинализиран во современата психологија. Сепак, неговото присуство и понатаму бдее над популистичките дискусии за менталното здравје. На интернет, дури и жените кои порекнуваат дека нивните проблеми со татковците имаат некаква врска со тоа што во текот на сексот партнерот го викаат „тато“, тие тоа го прават некако преревносно. „Хм, не знам. Сакав својот бивш да го нарекувам ‘тато’ бидејќи ми звучеше еротски. Немам татко и немам ‘проблеми’ со него“.

На Reddit постои општа согласност дека жените ги викаат своите партнери „тато“ затоа што сакаат да бидат потчинети на машкиот авторитет. „Господине/господару го нема тој ист благонаклонет тон, ме разбирате што сакам да кажам“, пишува еден корисник. Сепак, постои и екстремна верзија на ваквото поимање на нештата, најмногу меѓу кинк заедницата наречена DDlg. DDlg е скратеница за „Царство на татковци/мали девојчиња“, каде само „тато“ се пишува со големи букви. Кај овој фетиш, мажите се грижат за своите „клинки“, им обезбедуваат играчки и ги дисциплинираат. Клинките, за возврат, ја носат радоста на невиноста во врската. DDlg цвета на Tumblr, каде постојат повеќе разни блогови за DDlg тајни, лични блогови и блогови за жени кои за себе велат дека се „на ментална возраст помеѓу 3 и 6 години, а физички возрасни жени“.

„Мене тоа ми е поодвратно отколку да сакаат да се плеснат со својот сопствен татко. Ама тоа е веројатно така зашто мојот личен фетиш е да ме почитуваат како возрасна личност. Тоа исто така има врска и со проблемите што општеството ги има со сексуализацијата на децата и претставувањето на возрасните жени како да се деца. Што е тоа што фетишизирањето на беспомошноста и потчинувањето пред нечија волја, ни говори за нашето општество?“, прашува Бети Сквајерс за Vice.

„Додека истражував на оваа тема, забележав дека мојата лична пристрасност ми смета. Заради тоа го направив она што секој возрасен човек кој сака да го сфатат сериозно би го направил, разговарав со мојата мајка“.

Д-р. Маргарет Сквајерс повеќе од 35 години води терапии за парови, а повеќе од 30 работи со жртви на сексуално злоставување како деца. Таа не верува дека во викањето на партнерот “тато“ има нешто посебно педофилско. „Мислам дека таквиот речник најчесто се јавува во здрави врски. Кај паровите кои се многу поврзани еден за друг“. Исто така не мисли и дека DDlg динамиката е некаков претерано голем проблем. „Понекогаш луѓето едноставно го препознаваат образецот на својата врска. Заради тоа сме во врска, за да можеме да се потпреме едни на други. Не е неопходно сите да бидат подеднакво силни во сé“.

Постои ризик да се допушти тие обрасци да станат крути, тоа Маргарет го нарекува „деперсонализација“. „Луѓето во такви врски ги бришат сите свои особини кои ѝ сметаат на другата личност. Не препознаваат дека имаат свои права“. Таа признава дека „тато“-вците можат да се деперсонализираат и да ги избришат сите детски делови од себе кои треба да бидат негувани, но „стремежот е да се деперсонализира жената, бидејќи во општеството просто тоа е тоа што жените го прават. Уште од рана возраст се тренирани да ги стават туѓите потреби пред своите, и да се избришат себеси од одредени ситуации“.

„ ‘Дедо ти ја викаше жена си Slug (полжав)’, продолжи мајка ми. ‘Не е особено важно како луѓето се викаат еден со друг. Важно е да се препознае сопствената индивидуалност и да се најде партнер што ќе го поддржи тоа’ “.

- Реклама -