Мапа на најбараните марки автомобили во светот (и Македонија)

a

Кои се најпопуларните марки автомобили во различни земји според интернет пребарувачот Google? Одговор на ова прашање дава изданието Topspeed кое дава слика за тоа каков интерес предизвикуваат различните брендови меѓу луѓето во светот.

b

Според изданието најпопуларниот бренд во светот продолжува да биде Toyota, која сепак отстапува значително на своите конкуренти во Европа. Од поставената графика се гледа дека во повеќето земји на Стариот континент најпопуларни се автомобилите на BMW и Volkswagen. За Македонија, според Google, овој тренд исто така се задржува, однсоно во нашата земја најголем интерес предизвикуваат токму баварските автомобили, како и оние на Volkswagen. Слично е ситуацијата и на повеќето соседни  држави. Во северните области на континентот – Скандинавија, како целина сериозна предност имаат машините на Tesla – во Норвешка и на Volvo – во Шведска. Интересно е дека во Финска интересот на граѓаните е за BMW и Volkswagen.

c

Во Северна Америка лидер е Toyota како целина, но пак само во САД јапонската марка има сериозен конкурент во Ford. Во Јужна Америка Јапонците му отстапуваат место на Fiat, но тоа се должи најмногу на огромниот интерес за овој бренд во Бразил. На овој континент многу популарни се и автомобилите на Chevrolet, како и оние на Hyundai. Во Азија, исто така се забележува интересен тренд. Во Јапонија, на пример, најголемо пребарување е регистрирано кон моделите на BMW, додека во Кина, кон оние на Tesla. Во југоисточниот дел на континентот пак преференциите се кон автомобилите на Honda.

d

За Африка, Toyota е најбаран Бренд како целина, иако во некои региони лидер е BMW. Во Западниот дел интересот е насочен кон Mercedes. Во Австралија на чело повторно е Toyota, додека во Нов Зеланд најпопуларни според Google се автомобилите на Mitsubishi.

e

Автоплус

- Реклама -