Ikigai – верувањето дека животот има смисла

Според Psychology Today, во 2008 година тимот научници од универзитетот за медицина Тохоку, го завршува 7-годишното проучување на над 43.000 полнолетни Јапонци. По анализата на резултатите, истражувачите заклучуваат дека кај луѓето што веруваат дека животот има смисла, веројатноста да умрат е помала.

Јапонскиот израз за верувањето дека постои причина за живеење и не е бесмислен – гласи „ikigai“. Ако го пребарате на Гугл, ќе наидете на следнава шема:

AAEAAQAAAAAAAAiiAAAAJDk4YTAwNWE1LTVkNGUtNDMyZi1hNDFhLWMxMmM0MjRkYjdiYg[1]

Psychology Today ги објави резултатите од истражувањето на следниот начин: „92% од испитаниците кои имале чуство дека животот е вреден за живеење, биле живи 7 години по првата етапа на истражувањето. Поточно, 12% повеќе од оние кои немале ‘икигаи’ (Тоа е условно речено, затоа што според верувањето, сите имаат своја смисла. Таа се пронаоѓа со длабоко самозапознавање)“.

Е сега, од шемата јасно се гледа дека смислата на животот Јапонците ја гледаат како пресек од четири множества: тоа што го сакаш, тоа во што си добар, тоа што им е потребно на другите и тоа за што другите би платиле. Интересното е што „икигаи“ никогаш не е фиксно, па еден куп луѓе од разни професии и општествени сфери теоретизираат дека со личниот раст и развој на било кое од овие полиња, ти автоматски го зголемуваш подмножеството наречено „смисла на животот“.

AAEAAQAAAAAAAAcpAAAAJDk1ZTZlOGJjLTQwYjAtNDdkMS1iYzg1LWY0ZDNmNzY3MWNjOA[1]

Не дека е тоа некакво универзално правило и дека шемава важи без исклучоци, но сугерира една добра поента: дека во суштина животот можеби и не мора секогаш да се мисли и премислува. Некогаш е доволно само да правиш, под услов тоа што го правиш да соодветствува со овие четири критериуми. Твоето икигаи ќе расте и без да знаеш, а ти во меѓувреме мисли за смислата на животот колку сакаш.

- Реклама -