КВАЗИ НОВИНАРСТВО

СПОДЕЛЕТЕ

indexСеријалот македонско новинарство можеме да го поделиме на неколку свери. Жанрот ќе биде секако траги-комичен и со овој текст не сакам да ги оцрнам малиот број на професионалци кои својот живот го вложија на новинарството и кои останаа доследни на својата професија и на своето перо. Ова е наменето за оние неидинтификувани профили на луѓе кои во име на новинарството навиваат за леви и десни партии, се бават со жута штампарија во моменти кога народов ни се иселува и го дотепуваат бројки на морталитет, егзодус, евакуација. Другарите мои фатија фитиљ. Останаа гомнарите да пишуваат и да фалат колку е овде убаво и колку се тие будали што се заминати од овде.

И вие ќе го фатевте фитиљот ако газето лакомо за пари а не за вистина, не ви ги полнеа партиски секретари од разни партии, ако не ве устоличуваа на првите седишта на нивните прес конференции и ако не ви продаваа евтини приказни кои у форма на екзлузивност му го продавате на обичниот народ. Му се усравте на вашето перо, колективно. Дозволивте партиите да прават закони за вас, наместо законот да го напишете сами со професинална работа. Пропуштивте шанса да бидете фактор од кои оние ќе стравуваат а не вие од нив. Пропуштивте шанса пријателчиња мои, со вашето перо и вашата вистина да им ги покажете правилата на игра. Наместо тоа, станавте алатка за нивно поткусурување. Вистината нека вергла и понатаму на партиски пресконференции кои ќе бидат став и на лево и десно ориентирани новинари. Оние професионалците кои сакаат да опстојат во тој свет, се осудени да потонат во кал…

А штом медиумскиот простор остане празен за топ стории, секогаш ќе се најде некоја приказна за Тито, Јованка, за гаќите на Јелена Џоковиќ и за тоа колку прста е отворена у меѓуножјето невестата од кралскиот двор у Лондон. Бабите о одамна не можат да раѓаат. Влезени е у менопауза. Али у вашите фалц рубрики  ќе се пораѓаше секој ден по еднаш! Од сите можни отвори.

Она што вие новинарите треба да пишивате е за условите под кои учат и под кои се згрижени нашите деца по градинките и училиштата. Зашто Битола нема стадион и базен а Скопје има и Аква парк? Зашто Македонија има еден клинички центар и сите болни од Македонија мора да патуваат и по 200 км за една обично медицинско дијагостицирање. Што немаат младите во другите градови во Македонија а го имаат младите во Скопје. Вие треба да бидете пијавици и да им додевате постојано на оние кои ни ги креираат животите а не да трчате по нив за да ги фалите колку биле добри. Дај одјебете. За тоа колку се они добри има партиски портпароли. Новинари не ни требаат да ја одрабитуваат таа агенда!!!

Професионалноста ви е падната на нула а она што не чини е што веќе никој не ви ја ни бара. Трескајте шо ќе ви прдне у глаата и ограбете го читателот уште со самиот наслов. Тој е полн а содржината празна и најчесто непроверена и темелена на шпекулации. Ко ќе размислам добро у реду е. Продолжете со секојдевните стории за Ноле и Јелена. Како снаата му се курчи на свекорот у некое село у Врање, како ќе се вика бебето на кафанската ѕвезда, у која болница ќе се пораѓаат, кој ќе ги готви мекиците и што за нивниот квалитет ќе искоментира невестата. Продајте ни некоја прикаска за синовите на Цеца. За тоа колку личат на татко им и како тепаат народ по улици. Многу сељаци у државава ќе се попалат на тоа. Како и на сториите дека Грција е пред банкрот и дека сите околу нас не чинат. Само ние чиниме. Ние сме најбољи. Но само ако ве читаме вас,овде во Македонија…..

НАПИША: БУЛЕВАРКО

СПОДЕЛЕТЕ