ПРОПАСТ ГЕНЕРАЦИЈА

titovi-pioniri-620x330

 

 

 

 

 

 

 

Промашени случаи! Зачнати некаде кога Тито падна у кома и почна да се најавува онаа Братство-единствена заебанција која заврши со 300 000 мртви, геноцид у Сребреница, гранатирање на Дубровник, Мостар, Вуковар и еден куп убави села и градови во убавата ни и ПЛАВА ЈУГОСЛАВИЈА. Срањето заврши со победа на Тото Котуњо кој ни најави влез во некоја си убава и шарена обединета Европа. Хитови од ЕКВ, нова плоча од Азра и Леб и Сол. Денес фановите на овие бендови, дремат на некој шанк, локаат евтин алкохол и го пцујат одвратниот капитализам. Денес ја гледаме таа Европа како скапува однатре. Нешто е труло во државата Данска и земјите исламски стигнаа и до Копенхаген!

Потомците на Пролетерите, озрачени од Чернобилскиот ветар за прв пат у живот окусија Кока-Кола, облекоа Адидас и Најк и скопчаа дека Јупито е тешко срање а патиките Симод тежок фалц изваден од рафотивте на комуњарските синдикати. Многу амбициозно зачекоривме во таа нова и ветувачка творба. Исто ко што и амбициозно го попушивме некаде во втората декада на 21 век, копчајќи дека ние ко генерација секогаш ќе бидеме избеглици и ќе ја бараме својата почва на која треба да ги пуштиме своите ‘ркулци. Сѐ живо пропадна, сѐ живо се распадна за малкуте години поминати од нашиот живот. Ние сме рози и кактуси посадени во пустина и савана. Ние сме нешто потажно од дркотина заробена у куртон… Јеби га…

И додека заебаните Хрвати и Словенци со брз чекор зачекорија кон ветувачката Европа, со сите оние научни и медицински центри кои ги наследија од нашата заедничка татковина, Македончето си наследи храмови на црната металургија и фабрики со големина на касарни каде низ црните оџаци излегуваше и дел од душата на илјадници Македонци. Што е појужно тоа е потажно. Ви текнува на рефренот? И пак ние, а не Словенците и Хрватите плачеме по тоа хибридно чудовиште кое не издресира да бидеме Титови пионери за денес да из’ртиме у демек европски деца. Ние сме таа генерација која го изеде курот за сите останати генерации. Судбина!

Во онаа трагична и комична Југославија, нашите врсници бегаа од виорите на војната и ги оставаа своите градови и села без живо пилe. Денес бегаме од ова парче, современа европска држава и во џадето го бараме егзистенцијалниот спас. Имаме ли бре ние свое небо и имаме ли некој темел, нешто да им предадеме на наредните генерации? На нашите деца и внуци? Имаме амбииција!!! Имаме кондиција ама немаме ориентација. Лебдиме на тлото од земјата и само поради гравитацијата не сме одлетани во свемирот.

Ние сме тие кои треба да бидат патриоти и предавници. Ние сме таа генерација која сега остава долгови на наредните генерации. Ние сме таа пропаст генерација која нема тронка љубов кон својата земја. Нашите претци, со крстот на челото, го јадеа патосот и ја целиваа земјата натопена од сопствената крв но дигнале тупаница и рекле НЕ! Што направивме ние?
Имаме ли ние некоја лоза или сме обично дрво кое е посадено на неприродна почва?

Да да…Ние сме таа генерација која го живее новиот светски прелом. Не тешат дека Европа ќе се распадне а не ни кажуваат како ние ќе опстоиме. Фатија џаде сите по белиот свет и со другарите се допишуваме по скајп и вибер како да сме зафатени од виор на војна или на некоја чума. Да да…не е така се разбира, но последиците по нас се тотално исти. Некаде кон 90-тите години имавме групи кои го будеа националното чуство и оптимизмот во нас како новосоздадена држава. Меморија и ОГАНОТ ПОД ЅВЕЗДИТЕ… Да да…се сеќавам кога овие амбициозни дечки со сјај во очите ни го честитаа осамостојувањето и најавија вистинска македонска пролет. Што остана од тоа? Денес дечките мијат чаши по некои прекуокеански држави, работат по бродови или рибаат клозети во онаа Европа која ни ја преставија како наш излез. И пак таму е поарно. Пак бегаме кон клозетите и валканите шанкови преполни со белосветски шљам, наместо тука….Наместо дома….Да да дечки….Ние сме таа пропаст генерација…Поздрав

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -