Тито ја однесе НАСА на Месечината? (трејлер)

tito

Во март 1961 година, Југославија им ја продаде својата тајна вселенска програма на САД. Два месеца подоцна, Кенеди најави дека САД ќе одат на Месечината.

Барем така тврди документарната фикција насловена „Houston, we have a problem!“ („Хјустон, имаме проблем!“).

Според авторот – Боштјан Вирц, „Југословените имаа брз развој заснован на непознати дневници од југословенскиот вселенски пионер Херман Поточник – Нурдунг, по Втората светска војна. Техничките решенија опишани во неиздадените извештаи на Поточник беа основата за воспоставување на тајна Југословенска вселенска програма во 1948 година, по конфликтот на Тито со Сталин. Кон крајот на 1960 година, CIA откри дека Југославија веќе има функционална вселенска технологија за летање. Во март 1961 година, Југославија тајно ја продаде комплетната вселенска програма на САД. Во мај 1961, Кенеди најави дека САД избрале да одат на Месечината. Во овој документарец ќе откриеме како Тито го изгради најголемиот таен подземен вселенски центар во Европа, во армиската база Жељава, под кодирано име ‘Object 505’ “.

Првиот трејлер беше објавен во јануари 2012, но во меѓувреме немаше новости, па сите помислија дека се работи за некаква зафрканција.

Меѓутоа, вчера беше објавен и официјалниот трејлер за документарецот, како најава за премиерата во официјалната селекција на овогодинешниот Трибека Филм Фестивал во Њујорк (13-24 април). Проверивме, и не се работи за некаква лажна информација – филмот е наведен во официјалната селекција на официјалната страна на фестивалот.

ПС. Не влетуваме во теории на заговор, ама темава ни се виде забавна.

- Реклама -