Кога Џабар запечати рекорд што нема да се сруши никогаш

jabbar3

На денешен ден пред точно 27 години Карим Абдул Џабар го постигна 38000-тиот поен. Тоа се случувало на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Њу Џерси Нетс.

Па како што вика оригиналната објава на Њу Јорк Тајмс: Денеска Лејкерси одиграа тесен меч против Нетси кој мораа да го решаваат во последната четвритина која ја добија со 21-5. Меџик Џонсон постигна 27 поени и 13 асистенции, додека Карим Абдул Џабар го отвори натпреварот со поен кој впиша нова историја во НБА лигата. Тој поен беше 38000-иот во неговата кариера што е апсолутен рекорд.

jabbartimes

Токму така објави Њу Јорк Тајмс таа година, а така и остана до денес, а најверојатно и ќе продолжи уште долго. Тешко некој дека ќе го стигне Џабар и нареднава деценија.

Карим Абдул Џабар (Фердинанд Луис Алсиндор) е роден на 16 Април 1947 во Њу Јорк Сити, Њу Јорк и е еден од највлијателните кошаркари во историјата на овој спорт. Зад него стојат рекорди кои тешко дека некој би успеал да ги сруши. Има одиграно 20 сезони, а настапувал за Милвоки и Лејкерси. Во текот на овие години бил прогласуван дури 6 пати за најкорисен играч (МВП) на лигата. За можеби и најрелевантните Пит Рајли и Ајзеа Томас, Џабар е најдобриот играч на сите времиња.

jabbar2

Тој го привлекува вниманието на менаџерите по 71-та последователна победа за својот колеџ. Заигрува за Милвоки каде останува 6 сезони. Првата титула ја освојува во 1971-та, истата година кога (на 24 годишна возраст) одлучува да ја прифати муслиманската религија и да го промени името. Преминува во Лејкерс и таму игра со епската генерација со која освојува уште 5 трофеи и станува еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Ќе го паметиме по легендарната „небесна јадица“, хорок ударот кој го патнетираше и со кој ретко промашуваше и можеби никој никогаш не успеа да го блокира.

Епа со 38.387 поени, 1.560 одиграни натпревари, 57.446 минути на терен, 3.189 банани, 9.394 дефанзивни скокови и 4.657 лични сигурно е во топ 5 вечниот Дрим Тим.

Листа на рекордери по постигнати поени

1. Карим Абдул Џабар 38.387
2. Карл Мелоун 36.928
3. Коби брајант 33.183
4. Мајкл Џордан 32.292
5. Вилт Чембрлен 31.419
6. Дирк Новицки 28.934
7. Шекил Онил 28.596

 

- Реклама -