„Танц на судбината“ во Филхармонија

Македонската филхармонија, во четврток со почеток во 20 чсот во Дом на АРМ ќе одржи концерт насловен како „Танц на судбината“.

Под палката на маестро Емил Табаков од Бугарија, миленикот на македонската публика, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе грандиозната Петта симфонија од Густав Малер.

Солист на концертот е извонредната хрватска пијанистка Мартина Фиљак, која ќе го изведе популарниот Концерт за пијано и оркестар бр.1 од Франц Лист.

5731976796_a57af1ef2b_b

- Реклама -