Кокошки благородници во Версај

Дворецот Версај во 1700 година бил познат по интриги, страсти, љубов, ривалство, насилство и суета на позадината на безобразниот луксуз. На прв поглед ова звучи како нормална “драма” за животот на француските благородници пред Големата француска револуција. Голема разлика е тоа што улогите тука не ги толкуваат луѓе, туку раскошни кокошки.

kokoshki
Стилизиран, раскошно колоритен и со добра смисла за хумор, овој филм ќе ви овозможи неколку минути забава и естетска наслада. Анимацијата е дипломски проект на студентите од елитното француско училиште за визуелни уметности Supinfocom Arles.

Филмот освои многу престижни награди од фестивали за анимирани филмови ширум светот и е еден од најубавите кратки анимирани филмови во последниве години.

- Реклама -