Прашалник за пингвинот Кико

Почитувани,

Ви
благодариме за интересот и за Вашата хуманост. Поради огромниот интерес
на македонската јавност, би ве замолиле да го пополните следниов
прашалник и да ни го пратите на editor@365.com.mk


Почитувани,

Ви благодариме за интересот и за Вашата хуманост. Поради огромниот интерес на македонската јавност, би ве замолиле да го пополните следниов прашалник и да ни го пратите на editor@365.com.mk .

Бидејќи пристигнаа премногу мејлови, Ве молиме да објасните поопширно и поточно на секоја од овие точки поединечно. На пример, кај првото прашање „Дали дома поседувате соба која гледа на северната страна?“ – одговорете со ДА или пак скоро е реновирана, има кревет и се што би ви одело во прилог, а не само со ДА затоа што навистина нема да ни биде доволно и нема да можеме да процениме со голема точност дали ги исполнувате условите.

 

ПРАШАЛНИК 

1. Дали дома поседувате соба која гледа на северната страна?

2. Пингвинчето Кико е дресирано на француски. Дали имате барем основни познавања на францускиот јазик?

3. Дали претходно сте чувале пингвин?

4. Дали можете да си дозволите барем еднаш во годината во текот на зимата да го однесете Кико на некоја планина, како на пример Маврово?

5. Дали може да си дозволите барем еднаш во неделата да го прошетате низ градскиот парк?

6. Дали поседувате клима-уред?

7. Дали имате CD player на кој би пуштале звуци од природната околлина на Кико?(ние ќе ви го снимиме)

8. Дали имате трпение барем еднаш во денот да му прочитате нешто?(многу сака да слуша приказни пред да заспие)

 

Избраниот кандидат ќе биде прочитан јавно во Понеделник на Сити Радио, на емисијата Балканска е-Банка која почнува на полноќ.

Уште еднаш, Ви благодариме на хуманоста.

Андријана и www.365.com.mk

- Реклама -