Крајот на досадните божиќни песни

Да бидеш свој во свет во кој постојано се обидуваат да те претворат во нешто друго, e најголемото достигнување” – Ралф Валдо Емерсон

Божиќ се приближува со колекција од познати чувства и мириси. Светлата, храната, музиката, тематските филмови, болењето глава од премногу црвена боја, белата брада на митскиот старец … клишето е зад аголот и го демее од заседа божиќниот дух.

Понекогаш ни треба некој кој за момент ќе ја скрши рамката. Некој кој ќе го направи дури и Божиќ поавтентичен, ќе го раскине сјајниот целофан на клишето и ќе ги скрши оковите на предвидливото искуство.

Оваа година Jack Daniel’s во Бугарија избра да го уништи Берлинскиот ѕид на стереотипот, бидејќи како што велат, Божиќ не е празникот моделиран од општеството да биде послушна тула од ѕидот. Тоа е твојот Дедо Мраз, кој сакаш да го празнуваш со својата индивидуалност.

Создавањето на автентично празничен пејзаж е истовремено тешка и пријатна задача. Ги кова своите закони и канони, оддалечувајќи се од болно познатите среќни мелодии. Зачувај ја суштината на сезоната, но збогати ја со својот авторски ракопис – гласи пораката на креативната кампања на легендарното виски.

Желбата за нова мелодија, ги остварува The Jacks – специјално формирана група, елитен одред од музички мајстори прозвани да го објават личниот пристап кон празникот со специјална мисија.

Овој Божиќ Jack Daniel’s во Бугарија подарува своја варијанта на најпознатите Божиќни хитови и мелодии познати до болка од звукот на расипани сијалички. Класици како “Jingle Bells” и “We Wish You a Merry Christmas” се објавени со ново музичко лице.

Парчињата и текстот остануваат исти, но тонот, визијата и расположението се нешто поинакви.

Пофалби за свежиот инструментален пристап на The Jacks се клиповите кон песните. Зад камерата на режисерско место застанува тимот на Иван Москов од Бугарија, за целите на креативниот музички маркетинг.

Стилизирана визија, одлична монтажа, нестандардни агли на снимање, неконвенционални композиции … Неколку добри причини да ја поздравиме маркетингшката реализација на нашите соседи.

Како што велат тие, божиќната труба доаѓа со вкус на прегорен шеќер на ренесансниот идеал за човекот во центарот на универзумот. Надвор клишето и човекот над масата. Среќни празници!

- Реклама -