И Меси во Манчестер Сити?

По последните информации дека многу е голема веројатноста Пеп Гвардиола да се пресели во Манчестер и да седне на клупата на Сити, а на неговото место, во тимот на Баерн Минхен да дојде Карло Анџелоти, сега слушаме и уште една, речиси неверојатна вест.

messi

Според Сан, Гвардиола веќе потпишал преддоговор со „граѓаните“, а најверојатно во тимот го сака Лионел Меси. За тоа дали Меси има цена, ќе видиме по наводната понуда од 1,1 милиони евра (неделна плата).

Кој би замислил да го гледа Меси облечен во друг дрес, и дали постојат пари кои би го оттргнале од каталонскиот клуб.

За тоа ќе почекаме до лето.

- Реклама -