Русија ќе ги штити своите авиони на посигурен начин

Руските воздухопловни сили ги уништија терористите во регионот на спасувањето на пилотот на Су-24.

Како и што се очекуваше од Министерството за одбрана на Русија тие не се забавија со реализацијата на акциониот план, кој руските генерали го развија една ноќ по нападот против Су-24. За еден ден откако беше донесена одлука за распоредување на ракетните системи С-400, оружјето беше позиционирано, пишуваат руските медиуми.

_86904835_ae7478ff-ea64-4b0f-aa23-e878fd9e945c

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков ја коментира чудната реакција од страна на САД по повод овој настан. Од амбасадата на САД изјавија дека “распоредувањето на овие системи ќе ја усложни уште повеќе и без тоа сложената ситуација на небото над Сирија”.

“Што да кажам? До вторник ние како целина го делевме тоа мислење, бевме убедени дека нашите авиони имаат гаранција од страна на коалицијата предводена од САД. Сега ние самите ќе ја обезбедиме безбедноста на авионите од нашата авиогрупа на посигурен начини “, изјави Конашенков.

Од Латакија има и други свежи новини – како резултат на постојаните удари на руската авијација по екстремистите, сириската владина армија има воспоставено целосна контрола над планинските области во северниот дел на оваа провинција.

- Реклама -