Сиријци или Турци? Кој го урна рускиот авион?

Воен авион се урна во Сирија во близина до границата на земјата со Турција.
Според првичните извори пилотите успеале да се спасат, а сега „Си Ен Ен Турк“ јавува дека едниот од пилотите е киднапиран од страна на сириските бунтовници.

Руското Министерство за одбрана ја потврди веста со тоа што наведе дека несреќата најверојатно е резултат на напад од земја.

“Авионот се наоѓал на висина 6 илјади метри.Пилотите успеале да се спасат “, се вели во пораката.

Министерството ги појаснува околностите околу падот на авионот. Од таму устакнуваат дека рускиот авион се наоѓал единствено на сириска територија и тоа е утврдено со средства за објективна контрола.

Кој го соборил?

Додека Русија вели дека авионот бил соборен од земја во Сирија, Турција се пријави како одговорна за нападот.

Турција објави дека соборила таен руски воен авион кој го нарушил нејзиниот воздушен простор на границата со Сирија.

Генералштабот на турската армија соопшти дека рускиот авион бил предупредуван 10 пати во рамките на 5 минути пред да биде соборен.

“Во 9:20 часот по локално време авион од непознато потекло  го наруши турскиот воздушен простор покрај бројните предупредувања. Два од нашите борбени авиони Ф-16 кои патролираат во регионот, се замешаа “, изјави турската армија.

По инцидентот турскиот премиер Ахмет Давутоглу се сретнал со началникот на Генералштабот на армијата и со министерот за надворешни работи и решил да се сврти кон НАТО и ОН.

Кремљ повикува на трпение пред да се именуваат причините за падот на рускиот авион Су-24 во Сирија. Прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков нагласи дека засега руското Министерство за одбрана нема да зборува за причината за падот на авионот, кој се наоѓал на територијата на Сирија.

Турската телевизија CNN-Türk објави дека еден од двајцата руски пилоти кои управувале со соборениот авион од страна на Турција, бил фатен од вооружена опозициска група во Сирија. Според извори на медиумот пилотот е фатен од лица кои се бореа против сириската армија во планините на турската граница.

- Реклама -