Мајка си го фрлила детето од тераса во Скопје, а потоа и самата скокнала

Дел од жителите на Хиподром биле сведоци на страшна драма, кога мајка го фрлила својот шест годишен син од тераса, а после половина час и самата скокнала од истата.

Сведоците велат дека утрово околу 9 часот се слушале вресоци од висококатницата во скопската населба, по што жената го фрлила своето дете од балконот.

За среќа жиците за алишта и соседите го ублажиле неговиот пад, а тоа било итно префрлено во болница во критична состојба.

По некое време и мајката се фрлила, по што била одведена со итна помош и во моментов се наоѓа во кома.

Од МВР ја потврдија информацијата, а од Ургентниот центар велат дека двајцата се во лоша состојба.

- Реклама -