Путин заповедал формирање на заедничка воздушна одбрана со Ерменија

Рускиот претседател Владимир Путин заповедал да биде потпишан договор меѓу Русија и Ерменија за создавање на обединет регионален систем за воздушна одбрана во Кавкаскиот регион за колективна безбедност.

Соодветната наредба е објавена денеска на официјалниот портал на Претседателството.

Исто така Министерството за одбрана е овластено да спроведе заедно со МНР преговори со ерменската страна и да го потпише договорот во име на Русија.

- Реклама -