Адел откри зошто и е забрането да користи Twitter

Иако со сигурност можеме да кажеме дека таа е една од пејачките кои се наоѓа на врвот во музичката индустрија, посебно поради нејзиниот нов сингл „Hello“ кој руши рекорди. Но, верувале или не, на Адел и е забрането да „твита“.

Adele

А се прашувате која е причината? одговорот е едноставен – твитала под дејство на алкохол.

Адел на едно гостување во ТВ емисија открила дека често твитала додека била пијана, па еднаш за малку и ќе настрадала. Затоа нејзиниот тим од менаџери решиле нејзините објави да бидат проверени од најмалку двајца пред да бидат објавени.

Таа ги израдува своите фанови кога откри дека таа сама ги пишувала твитовите, и иако сега тоа не го прави она, сепак другите пишуваат за неа.

- Реклама -