Колку месо на ден јаде во просек еден вегетаријанец?

Бидејќи по дефиниција вегетаријанците не јадат месо, ова прашање би требало да биде бесмисленo, a eдинствениот логичен одговор е „нула“.

Само што прашањето e далеку oд глупаво, бидејќи има многу специфичен не-нулта одговор – 83.2 грама, односно околу една стандардна порција.

Неодамнешна студија покажа дека една третина од вегетаријанците јаделе месо, откако пиеле алкохол.

Податоците дека просечниот вегетаријанец во САД јаде по една порција месо на ден, потекнуваат од анализа на податоци извршена во 2003-та година, собрани од американското Министерство за земјоделство кон крајот на 90-тите години.

Научниците ги анализирале одговорите на репрезентативен примерок од околу 10 000 Американци кои детално опишале сè што конзумирале во два одделни (и неконзистентни) 24-часовни периоди.

И како што излезе, вегетаријанците навистина јадат месо.

meso

Тоа не мора да значи дека секој вегетаријанец јаде месо, бидејќи оваа бројка е просечна, но повеќето вегетаријанци во САД го прават тоа.

Друга телефонска анкета од американското Министерство за земјоделство тврди дека поделбата на вегетаријанци кои конзумирале месо претходниот ден, е околу две третини.

Во студија од 1995-та меѓу богатите, образовани Американци од источниот брег на САД, само 1.5% изјавиле дека никогаш не консумираат пилешко или риба, но 7% се самоопределуваат како вегетаријанци.

Студиите од канадскиот Национален институт за исхрана велат дека околу 60% од канадските вегетаријанци јадат пилешко, а 32% консумираат и црвено месо.

Истражувањето за вегетаријанците кои јадат месо на пијана глава, не е толку несомнено во научен аспект – тоа е спроведено врз основа на студија од британска компанија за ваучер трговија, VoucherCodesPro кои не даваат детални информации за методите на работа или детали за учесниците во ова истражување . Поради тоа, овие резултати би требало да се прифатат со умерен скептицизам, иако како целина звучат убедливо.

LONDON - APRIL 10: Chef and sandwich creator Scott MacDonald makes a sandwich which costs GBP 85.50 (USD 148.30) at the department store Selfridges on April 10, 2006 in London, England. Selfridges have put on sale what they claim is London's most expensive sandwich. The cost is down to the Wagyu beef that makes up most of the filling. The other ingredients include fresh lobe foie gras, black truffle mayonnaise, brie de meaux, rocket, red pepper and mustard confit, and English plum tomatoes. (Photo by Scott Barbour/Getty Images)

Без разлика дали ова истражување е точно, тоа предизвика дополнителни интересни прашања.

Хенк Ротбергер, социјален психолог на универзитетот “Белармин”, кој се концентрира во истражување врз вегетаријанци и перцепциите за нив, е главен соговорник за еден медиум на оваа тема.

Ротбергер претпоставува дека голем дел од она што се случува е поврзано најмногу со причините луѓето да бидат вегетаријанци.

“Веројатно поголем процент од оние кои подлегнуваат на искушението, се вегетаријанци поради здравствени причини”, претпоставува Ротбергер. “Вегетаријанците од етички причини имаат тенденција да имаат повеќе причини да го избегнуваат месото – и да се аргументираат пред сè зошто не јадат месо; нивната посветеност кон вегетаријанството е посилна”.

„Ако сте вегетаријанец поради здравствени причини”, дополнува Ротбергер, “тоа е само прашање на самоконтрола или саморегулација, исто како што е и со луѓето кои се обидуваат да се хранат здраво”.

pigandlamb

Во таа смисла Надал изненадувачки тврди дека вегетаријанците кои го избегнуваат месото поради здравствени причини, си дозволуваат понекогаш да каснат од него. Тој во своја одбрана на тезата аргументира со тоа што и луѓето кои се на диета, понекогаш не можат да одолеат на парче торта.

Некои истражувања врз луѓето кои го кршат вегетаријанскиот режим, дополнително ја поддржуваат оваа теза. Faunalytics (порано познати под називот Humane Research Council) спроведоа истражување меѓу 11 000 возрасни Американци што констатира дека порано имало пет пати повеќе вегетаријанци и вегани отколку денес.

Околу 60% од нив изјавиле дека причината тие да бидат вегетаријанци била пред сè грижата за нивното здравје. Во овој контекст, оние вегетаријанци кои се откажале не се поразлични од оние кои се откажале од диетите.

Има, меѓутоа, и луѓе кои се вегетаријанци и вегани од етички причини – и се уште повремено консумираат месо.

Едно од истражувањата на Ротбергер прави уште појасна дистинкција помеѓу строгите вегетаријанци и оние кои понекогаш отстапуваат од режимот: тој констатирал дека оние кои никогаш не ги прекршуваат вегетаријанските правила чувствувале поголема одвратност од месото од оние кои во одреден момент паѓаат на искушението.

zdravosloven-duner

Со други зборови, излегува дека е полесно да не консумирате месо, ако не сакате да го правите тоа.

“Мислам дека дел од проблемот со кој се соочуваат вегетаријанците, е тоа што живееме во месојад свет – барем Западните општества консумираат многу месо, па недостасува посебна социјална поддршка”, коментира Ротбергер.

“Вегетаријанците кои се наоѓаат меѓу други групи и социјални мрежи со слични ставови, е многу поверојатно да продолжат со својот здрав начин на живот”, продолжува тој.

“Мислам дека она што ја прави ситуацијата потешка за нив, е претежно социјалниот аспект. Претпоставувам дека тоа е многу сериозен фактор “.

Истражувањето на Faunalytics меѓу поранешни вегетаријанци ја поддржува оваа поопшта теза.

Кога објаснуваат зошто престанале да бидат вегетаријанци, премалку се оние кои рекле дека се предомислиле за етика на потрошувачката на месо.

Наместо тоа, тие истакнуваат повеќе банални причини – речиси две третини велат дека не сакале да се дистанцираат од социјалната група, околу половина изјавиле дека им е премногу тешко да се придржуваат до толку “чиста” диета, а околу една третина истакнале дека нивните партнери консумираат месо.

Токму овие други фактори, а не моралните, се поважни кога луѓето проценуваат дали да се придржуваат кон вегетаријанството.

o-FOOD-FOR-HEALTH-facebook

Во својата книга The Happiness Hypothesis социјалниот психолог Џонатан Хајд опишува две искуства, кои ги имал во училиште, кои покажаа некои од границите на нашите морални убедувања. Прво тој опишува како му влијаела книгата, напишана од моралниот филозоф Питер Сингер.

„Јасните и несоборливи аргументи на Сингер ме убедија веднаш, и од тој момент сум морално против сите форми на индустријализираното земјоделство. Морално сум против, но не и во пракса”, пишува Хајд.

“Го сакам вкусот на месото, и единственото нешто што се промени во текот на првите шест месеци откако ја прочитав книгата на Сингер, е тоа што размислувам упорно за хипокризијата секој пат кога ќе нарачам хамбургер”.

Една година подоцна, сепак Хајд опишува многу поразлично искуство.

Како дел од студија, истражување на психологијата на одвратност, Хајд тогаш гледа видео на крави кои поминуваат низ кланица.

„Гледав со ужас како кравите умираат”, пишува Хајд.

“Во текот на неколку дена потоа, глетката на црвено месо ми предизвикуваше инстинктивно порив за повраќање. Моите физичките сензации се совпаѓаат со убедувањата кои Сингер ми ги беше предал”, продолжува Хајд.

“И станав вегетаријанец. За околу три недели”.

Тешко е да ги убедите другите да станат вегетаријанци, но тоа навистина се одразува добро на животната средина, корисно е за здравјето, и е подобро за животните.

Од оние кои некогаш биле вегетаријанци, сериозен процент – околу 40 отсто, признаваат дека се заинтересирани за евентуално враќање кон диета на растителна основа.

Тоа практично би го зголемило двојно бројот на вегетаријанците барем во САД, но бара посложено осознавање на разликата меѓу моралното противење и однесувањето.

 

- Реклама -