ГРОЗЈЕТО ГО ЧИСТИ ОРГАНИЗМОТ

Грозјето делува како природен тоник на организмот, ги забавува стареењето, деменцијата и дегенеративните очни заболувања. Резерватролот е антиоксиданс што се наоѓа во опната на на црното грозје.
271156-grapes

Црното грозје (Vitis vinifera), поточно неговата опна , изобилува со фенолните материјали што му даваат боја и вкус и исклучително се корисни за здравјето. Во опната се содржани и: полифеноли, резерватроли, антоцијани, катехини и кверцетини, супстанци што ги уништуваат слободните радикали и штетните материи предизвикувачи на туморот. Овие состојки исто така ја чуваат проодноста на артериите намалувајќи го ризикот од болестите на срцето, го спречуваат згрутчувањето на крвта и го намалуваат лошиот холестерол. За резерватролот е докажано дека позитивно влијае врз менталните и другите функции на мозокот, намалувајќи го така ризикот од мозочен удар. Црното грозје би требало почесто да се јаде и поради калиумот, манганот и витамините А, Ц, Б1, и Б6, но и поради изобилието на растителни влакна, калциумот и железото. Истражувањата покажале дека црното грозје го зголемува нивито на мелатонинот, хормонот кој е неопходен за добар сон.

black-white-grapes

Белото грозје е по многу нешта слично на црното, има приближно иста енергетска вредност, околу 20% шеќер, но во однос на црното грозје посиромашно е со фенолите. Исто така не е премногу богато со калиум и со калциум.
Долго време се мислело дека сувото грозје поради својата благост и лепливост доведува до пропаѓање на забите, но поновите истражувања го докажуваат спротивното. Состојките во сувото грозје го спречуваат растењето на бактериите одговорни за настанување на кариесот и болестите на гингивата, поради тоа што изобилуваат со фруктоза и со глукоза но не и со сахароза, главен виновник за заболувања на усната шуплина.

grapes-bunch
Винскиот оцет, исто така, е многу лековит и хранлив. Ја смирува диареата и крвавењето, одличен е како облог, додека тонокот направен од комбинација на оцет и вода одлично ја чисти кожата и ги отвара порите, ја стимулира циркулацијата и ја јакне отпорноста на организмот кон болестите.
Грозјето е исклучително лековито и здраво овошје, одлично ја прочистува крвта, го регулира варењето , ги отстранува масните наслаги од телото, ги смирува воспалителните процеси, ги намалува ревматските потешкотии и кожните алергии. Делува како природен тоник на организмот, го успорува стареењето, ја спречува деменцијата и дегенеративните очни болести.
Доколку сакате најубаво грозје купувајте ги само зрелите гроздови, бидејќи еднаш набраните плодови повеќе не созреваат. Се мие непосредно пред јадење за што подолго да остане свежо, треба да се чува во ладилник, најдобро е во пластична кутија.

Сок и вино

Грозјето во себе ги содржи јаболковата и винската киселина, пектините, односно материите што ја забавуваат ресорпцијата на мастите, танините, меѓу кои особено антоцинот, битен за обновувањето на крвта. Свежиот сок ги зачувува овие состојки и одлично го штити црниот дроб, а помага и кај исфрлувањето на уринската киселина од телото.

Wine-Grapes-Glasses-e1395104663770

Диетата со грозје е една од најдобрите

Доколку здравјето тоа го дозволува, дваесеттина дена треба да се држи диета базирана на ова овошје, бидјќи не само што ќе го симнете вишокот килограми, туку ќе го регулирате варењето и апетитот. Исто така виното како и најважните производи од грозјето е исклучителен антиоксиданс што ги штити крвните садови и срцето. Притоа, го зголемува нивото на естрогрнот, делува бактерицидно и го успорува делувањето на вирусите. Ова особено се однесува на црното вино, кое треба да се пие умерено, не повеќе од сто милилитри на ден.

- Реклама -