Попрво би си ги пресекол вените, отколку пак да бидам Бонд

Британскиот актер Даниел Крег, кој во последните десет години го позајмува својот лик за најславниот филмски шпиун 007, вели дека попрво би си ги пресекол вените, отколку да игра во уште еден филм од Џејмс Бонд.

slavni-mazhi-koi-stareat-kako-vino-115441

Во интервју за британскиот магазин Time Out, 47 годишниот актер, кој публиката наскоро ќе може да го види во најновото продолжение на франшизата за Бонд „Spectre“ многу сликовито го објасни својот став кон улогата:

„Моментално порадо би ја разбил оваа чаша и би си ги пресекол вените. По ниту една цена не сакам повеќе да го глумам Бонд. Готово е. Сега само сакам да продолжам понатаму. Најмалку година-две не ни сакам да размислувам за тоа. Не знам кој ќе ми биде следниот чекор. Немам никаква идеја, а ако воопшто снимам уште еден Бонд тоа ќе биде само поради пари“, заклучи Крег.

Филмот “Spectre” ќе биде негов четврти филм во улога на Бонд. Популарниот британски таен агент најдолго го глумеа Шон Конери и Роџер Мур кои се појавија во седум наслови.

- Реклама -