Сноуден: Велика Британија ги следи граѓаните преку смартфоните

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден изјави дека британската разузнавачка служба Центар за владини комуникации има пристап во смартфоните, без знаење на нивните сопственици, и може да ги користи уредите како средства за следење.

За БиБиСи Сноуден појасни дека разузнавачката служба може да добие пристап до даден телефон, со тоа што ќе испрати до него криптирана порака, и ќе ја користи за прислушување и фотографирање.

Според него американската и британската служба имаат инвестирано значителни средства во технологии кои овозможуваат да се хакнат смартфоните и да се управува нивното вклучување и исклучување, да се следи локацијата на оној кој користи друг телефон, да се прислушува сè што се случува наоколу дури и кога уредот е исклучен.

- Реклама -