На светот му снемува кафе

Е па драги читатели, преживеавме неколку краја на светот, ама ова тешко. Прво ни кажаа дека ни снемува чоколадо, а сега излегува и дека ни снемува кафе.

Brazil_coffee_beans[1]

Имено, за да може човештвото да продолжи да ужива во најбоемскиот напиток со ова темпо, ќе му биде потребен уште еден Бразил – да, земјата што е најголем одгледувач и извозник на кафе во светот. Од Bloomberg предупредуваат дека во спротивно не очекува сериозен недостаток.

„Растот на потрошувачката, особено на пазарите во развој, значи дека глобалното производство ќе мора да порасне за дополнителни 40 до 50 милиони вреќи кафе во наредната деценија“, изјави претседателот и генерален директор на италијанската компанија за производство на готово кафе Illycaffè – Андреа Или, додавајќи дека тоа е повеќе од целокупниот род што доаѓа од Бразил.

Ако се земе во предвид заканата од климатски промени, како и ниските откупни цени кои ги обесхрабруваат земјоделците да го зголемат производството, проблемот е јасен. Toa ќе биде и главната тема на Глобалниот форум за кафе во Милан.

130820_coffee_colombia_1024x748[1]

„Порано или подоцна, во наредните месеци или години, ќе мораме да донесеме сериозни одлуки во поглед на тоа што правиме. Не знаеме од каде ќе ги набавиме овие количини на кафе“, објаснува Или, говорејќи во името на сите официјални претставници на кафената индустрија.

Светот се соочува со дефицит од 3.5 милиони вреќи кафе во сезоната 2015/2016-та. Претходната година, дефицитот беше 6.4 милиони тони. Од друга страна, од почетокот на годината, цената на кафето падна за 27%, што најмногу се должи на падот на бразилската валута во однос на доларот и зголемениот извоз.

- Реклама -