Седумте сестри и нивните рекордни коси

Пред век и половина долгата коса била задолжителна за жените, а најпознатите долгокоси девојки на Америка биле сестрите Сатерленд. 

31daac90367a8b3977b8ccf7499eab78

Вкупната должина на косата на седумте сестри била над 12 метри и тие успеале да заработат милиони само поради тоа што  имале прекрасна, долга коса.

Ги нарекувале „најпријатните седум чуда на светот”. Сестрите успевале да профитираат од прекрасните коси за реклама, што било многу невообичаено за тоа време. Тие успеале да освојат толку многу пари, што според приходите го надминале секој театар или циркус, споредбата е направена бидејќи  кариерата на сестрите започнала под големите шатори.

Заедно со својот брат тие извршувале различни храбри акти, но луѓето доаѓале главно, за да ги видат убавите долгокоси девојки, иако  пеењето не им било најсјајно.  Набрзо сестрите сфатиле дека можат да заработат доволно само од изгледот и почнале да продаваат лосион за коса.

f91f166ca1504ec41b5f4080bc2a359f

Во 19 век, поради лошите услови на живот жените страдале силно од губење на косата.Сестрите Сатерленд се уште изгледале волшебно со своите долги коси до земјата. Тие продале над три милиони ампули од својот лосион само во 1890 година. Во тоа време седумте сестри биле навистина светски познати, а статусот на семејството бил огромен за тогашните поими.

Седумте сестри живееле заедно и за потребите на големото семејство изградиле огромен, екстравагантен дом со простран парк. Секоја од нив била чудна, повеќето и не се омажиле, само едната имала деца. Пари трошеле без да мислат и на крајот го завршиле својот живот онака како што тоа почнале – во сиромаштија.

104655a150443db1c591719ef435c699

Денес никој повеќе не се сеќава за седумте сестри, иако тие во многу школски примери ја  откриле моќта на рекламата и убедувањето со личен пример. Од Сатерленд останале само нивните слики…

c1dfd79421ffe3e8a3bdb1a9c04a02d9 67956418d7aca7e21b10a055a659bbc3
96433d98816964da81a68ff2accca9bd 59df2988ced53574f43eb1626721a5f2 5a71cb230ea5c98ac2ab2f5ca48ea238 3e9d302bb2ad983cdda9a83a685f071a

- Реклама -