Светци на Исток, развратници на Запад: Тајниот живот на арапските шеици

Навистина ли Маџид Абдулазиз Ал Сауд, 28-годишниот саудиски принц малтретирал сексуално пет жени во куќа во Беверли Хилс, како што полицијата истражува во моментов?

Овој скандал во САД изби веднаш по скандалот поврзан со прерано починатиот шеик Рашид . Во понеделникот во Дубаи заврши официјално жалоста за шеикот Рашид, најстариот син на премиерот на Дубаи и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед. Рашид почина на 33-годишна возраст на 19 и септември од срцев удар.

Сепак, со години постоеа шпекулации дека шармантниот и гламурозен принц Рашид, кој живееше луксузен живот со тркачки коњи, брзи автомобили и убави жени, бил зависник од дрогата и сексот, пишува The Daily Beast.

Во арапските емирати принцот беше испратен како светец.

kema3

На Запад, меѓутоа крајот на Рашид фрли зрак светлина врз тајниот свет на арапските плејбои, кои секое лето бегаат од топлината на Блискиот Исток и трошат огромни суми за разврат во западните земји. Однесувањето на некои од нив беше откриено во петокот, откако против Маџид Абдулазиз Ал Сауд беше подигнато обвинение. Ова се случи само неколку недели откако шеикот Калид бин Хамад Ал-Тани од кралското семејство на Катар избега од САД откако беше обвинет дека се натпреварувал по улиците на Лос Анџелес со своето жолто Ferrari.

Граѓаните на Лондон се навикнати на тоа. Таму секое лето пристигнуваат млади богаташи од Блискиот Исток со луксузните и екстравагантни автомобили.

Богаташите од нафтените земји како Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ и Кувајт, ги транспортираат со авион скапите автомобили до Лондон по цена од околу 30 000 долари. Авиокомпаниите праќаат цели авиони во текот на летото за транспорт на луксузни автомобили од и до Блискиот Исток.

kema

Повеќето од младите се на возраст меѓу 21 и 25 години, а нивните семејства имаат сериозни средства. Тие го посетуваат Лондон за да се забавуваат, бидејќи во нивните родни земји има доста строги правила и животот е воглавно здодевен. Тие најчесто заминуваат во текот на летото, за да поуживаат во животот пред да се вратат назад и да се оженат.

„Ги испорачуваме автомобилите до аеродромот Хитроу. Младите богаташи најчесто доаѓаат во Лондон во јули, а должината на нивниот престој зависи од времето. Ако врне многу, како што беше оваа година, на нив им станува досадно и заминуваат за Јужна Франција по неколку недели “, вели Дане Холуерт, кој се занимава со транспорт на увозни автомобили.

Тој ги опишува младите богати клиенти како многу тешки.

„Се што сакаат, треба да се заврши денеска, утре е премногу доцна”. “

Покојниот шеик Рашид бил чест посетител на Лондон. Имајќи го во предвид огромното богатство на неговиот татко и неговиот лично богатство проценето од Forbes на 1,9 милијарди долари, веројатно не е изненадувачки што дури по стандардите на неговите арапски „Плејбој“ пријатели, тој претерал.

Во моментов за него се раскажуваат приказни за луди забави во централни хотели во Лондон. Иако главно мажите се оние кои се оддаваат на забава на Запад, жените од кралските семејства од Блискиот Исток, исто ги посетуваат редовно европските престолнини. Тие често го преферираат Париз пред Лондон за шопинг и престојуваат во хотелот George V или во Plaza Athénée (сопственост на султанот на Брунеи).

kema2

Плаќањата сепак може да се проблем. Пред некое време саудиската принцеза Махал Бинт Мохамед Бин Ахмад Ал Судајри се обиде да си замине без да плати во парискиот хотел со пет ѕвездички Shangri-La, каде таа и нејзините луѓе окупирале 41 соба во текот на пет месеци, правејќи  сметка од над 7 милиони долари.

Сметката била платена во рок од 48 часа по напуштањето, од страна на претставници од саудиското кралско семејство, а Махал во моментов е “казнета” да не ја напушта Саудиска Арабија.

Шеикот Рашид исто беше паднал во немилост пред својот татко и во 2008 година беше „прескокнат“ како прв престолонаследник од својот помлад брат. Се смета дека причина за тоа е неговото учество во убиство, според документ испратен од конзулатот на САД во Дубаи до Вашингтон и објавен јавно од Wikileaks.

Во последните години тој имаше право ретко да го напушта Дубаи. Неговите патувања во Лондон беа ограничени. Во 2011 година тој беше испратен од семејството во клиника за рехабилитација. Во последните неколку години Рашид беше држен далеку од јавноста. Голем дел од неговото присуство во медиумите беше избришано и денес е изненадувачки тешко да се најде за него нешто на интернет. Речиси сите негови слики, со исклучок на неколку официјални, беа отстранети од глобалната мрежа. На многу од фотографиите објавени од светските медиуми неодамна всушност е неговиот помал брат Хамдан. Иако одлуката на шеикот да го лиши својот син од престолот беше критикувана, секакви други сомневања за мудроста на шеикот Мохамед во овој случај беа отстранети по смртта на принцот.

Во исто време, рингишпилот од пари, блескавите накити, забави и брзи автомобили продолжуваат за неговите пријатели.

- Реклама -