Пронајдена бомбата во Капиштец

Скопската полиција пред малку потврди дека е пронајдена бомбата која во 8:50 часот утрово беше пријавена.

На улицата Васил Ѓоргов, под автомобил „Сеат Ибица“ со скопски таблички која ја поседувало лицето З.К била поставена бомба од страна на непознат сторител.
Од полицијата велат дека единицата за антитероризам работи на теренот и увидот е во тек.

- Реклама -