Гол и во криза: Македонец починал во американски затвор

И покрај тоа што кризирал, надлежните во затворот не превземале ништо.

Македонецот Давид Стојчевски пред една година одлежувал казна затвор во траење од 17 дена, поради невнимателно возење во Америка. Тој немал пари за да ја исплати казната од 772 долари, па како што налага законот бил сместен зад решетки.

За време на тие денови, Давид значително ослабел и бил сместен во посебна ќелија во медицинскиот оддел.

Стојчевски бил поранешен зависник од дрога, кој веќе некое време се лечел со метадонска ерапија, но никој не му помогнал да ја зема редовно терапијата иако доживувал кризи.

По барање на неговото семејство поднесена е тужба до локалните власти.

Година по смртниот случај, семејството Стојчевски го објавуваат видеото со цел да се подигне свеста и да се добие јасна слика за она што се случува по затворите.

- Реклама -