Ѓоковиќ против Чилиќ за финале

Вечерва околу 23 часот на стадионот Артур Еш во Њу Јорк ќе ги одмерат силите двата шампиона. Едниот моментален, рекетот број еден, и другиот, бранител на титулата на УС Опен.Колку што на Ѓоковиќ му е осигурано првото место на АТП листата, толку на Марин Чилиќ му се ниша шампионската фотеља на УС Опен.

Лани, на патот до шампионската круна, неговата прва Гренд слем во кариерата, тој не налета на Србинот, но затоа оваа година во полуфиналето се судира токму со играчот кој не може да го совлада дури 13 меча едноподруго. Вечерва на репертоарот на УС Опен не очекува балканско дерби, а нешто подоцна и швајцарско (Федерер – Вавринка).
Од големата четворка, во последниот дел од турнирот хрватот имаше најголеми осцилации во играта играше два меча по пет сета и еден во четири.

- Реклама -