Бегалците во Унгарија ги хранат како животни! ВИДЕО

Видеово е вознемирувачко. Погледнете како ги хранат бегалците во главниот камп на граничниот премин помеѓу Унгарија и Србија. Ова видео е направено тајно, од страна на еден австриски волонтер кој вчера го посетил кампот во Реска. На видеото е прикажано како 150 бегалци се тепаат за кесите со сендвичи кои им ги фрлаат унгарските полицајци. Полицајците носат шлемови и хигиенски маски, додека бегалците се затворени во ограден простор. Помеѓу толпата има и жени и деца, некои од нив се качени и на безбедносните огради со цел полесно да дофатат парче леб.

- Реклама -