Спречување на кариес, без помош од заболекар

Никој не е фан на посетата на заболекар. За да ја сведете таа непријатна обврска на минимум, погрижете се за своите заби.

Ви носиме неколку совети со чија што помош можете да го спречите развојот на кариес и да им помогнете на своите заби.

Можеби не сте знаеле дека постојат многу природни начини да се заштитите ос кариес. Со воведување на промени во својата исхрана и правилна нега на забите, ќе се намали можноста за создавање на кариес.

1. Јадете храна богата со витамините A, K и Д

Витаминот К е одговорен за здравјето и развојот на коскените ќелии кои ги држат нашите заби. Поради тоа важно е да се јадат намирници кои го содржат овој витамин. Тоа се зелка, карфиол, спанаќ, јогурт, сирење и рибино масло. Храната богата со витамините А и Д исто така ќе ја намали можноста за развој на кариес, а за да ја внесете во организмот јадете козјо сирење, пилешка супа, лосос.

2. Намалете го внесувањето на јаглерохидрати и шеќер

Бројни истражувања докажале дека луѓето чија што исхрана е богата со јаглерохидрати и шеќер имаат повеќе кариес. Поради тоа, важно е да го ограничите конзумирањето и да јадете во правилно растојание, помали количини.

8971bee453a08cb926322a18cc1ea426

3. Консумирајте храна богата со калциум

Јоуртот , млекото и сирењето ќе ги зацврстат вашите заби и ќе ги намалат шансите за создавање на кариес. Кога консумирате јогурт, внимавајте на тоа да го изберете оној кој не содржи дополнителен шеќер.

4. Пијте шест до осум часа вода дневно

Водата помага остатоците од храна во вашата уста да се распаднат и ги неутрализира присутните киселини. Поради тоа, дневно пијте минимум шест чаши вода.

5. Мијте ги забите два пати во денот

Редовното миење на забите и чистењето со забен конец, оневозможува остатокот од храна во вашата уста да се претвори во бактерии што предизвикуваат кариес. Мијте ги забите наутро и навечер, а ако во меѓувреме сте изеле голем оброк, слободно дозволете си уште еден дополнителен третман со четката за заби.

beli-zabi-660x300

6. Користете забна паста со флуроид

Таа може да ви помогне дури и кога кариесот е во рана фаза на настанување у да спречи развојот да напредува. Поради тоа, користете забна паста со флуроид . Освен што штити од кариес, флуоридот ќе им помогне на вашите заби да бидат отпорни на киселина која што се наоѓа во усните.

7. Варете супа од зеленчук

Ако сакате да ги „нахраните“ вашите заби, сварете супа богата со зеленчук.

- Реклама -