E-капсула која се голта и открива болести

Човекот може да открие гасови во цревата и резултатите од истражувањето да се појават директно на екранчето на смартфонот.

Научниците од Кралскиот институт за технологија во Мелбурн и Универзитетот Монаш во Австралија, се на пат да ја пласираат оваа иновација.

За таа цел тие развиле капсула која се голта. Таа е опремена со батерија и сензори и ја мери концентрацијата на гасови, додека се снаоѓа во дигестивниот систем.

Микропроцесорот ги обработува добиените информации, кои потоа се испратени до смартфонот преку безжична врска. Слични истражувања ги интересираат медицинските лица, бидејќи гасовите во цревата се маркери за некои болести – како рак на дебелото црево, хронични воспалителни болести на цревата, синдром на нервозно дебело црево.

Сегашните инвазивни методи – како тест на здивот, за кои се смета дека ги мери предметните концентрации, не се од голема корист, бидејќи не дозволуваат да се утврди каде точно се произведени гасовите. Капсулите засега се испробани врз животни. Се очекува наскоро да започнат тестови со луѓе.

- Реклама -