Хорор туризам: Ова се најстрашните острови на светот

Не само што се чудни, овие острови кријат бројни мистерии и хорор приказни, поради што привлекуваат туристи ширум светот.

Остров на куклите

Овој остров сред езерото Хочимилко во Мексико делува навистина језиво. Легендата вели дека еден човек се криел на него и насекаде бесел платични кукли, кои наводно го штителе од демони. Дефинитивно не би сакале да се најдете овде во текот на ноќта.

Остров Окуношима

На овој остров живеат голем број зајци кои се потомци на животните доведени за тестирање на оружјето на јапонската војска. Островот е полн со хемиски модифицирани зајци.

Островот на отровни змии

Овој остров кој се наоѓа во близина на Сао Паоло во Бразил, крие многу отровни змии. Бразилската морнарица им забранила на луѓето пристап на овој остров, но и понатаму постојат авантуристи кои скришно го посетуваат.

Островот Сокотра

Овој фасцинантен остров во близина на Јемен поседува некои од најинтересните ендемски видови на растителниот и животинскиот свет на планетата. Сепак, ова место е сосема ненаселено и делува застрашувачки кога ќе ги видите сите тие чудни животни, растенија и камења на едно место.

Остров Повеља

Овој остров се наоѓа во близина на Венеција и на него некогаш имало лудница, а поради тоа многумина мислат дека ова место е клето. Наводно, во неа се вршеле бројни нечовечки експерименти, што допринесува кон језивата атмосфера што владее. Сепак, градската власт успеала да го продаде островот на личност која сигурно не верувала во страшни приказни.

Остров Хашима

На ова место Јапонците некогаш држеле заробени корејски и кинески работници, па се поставува прашањето зошто било кој би сакал да посети толку ужасно место.

Остров Сентинел

Иако островот е во власт на Индија, со него и понатаму управуваат домородци за кои речиси ништо не се знае, освен дека се многу непријателски настроени и дека воопшто немаат контакт со цивилизација.

Остров Изу

Поради голема количина на сулфур во воздухот во овој вулкански остров, жителите на Изуа мораат постојано да носат гас маски. Доволно е да замислите колку би било чудно да шетате по улица, додека сите околу вас имаат маски на главата.

Остров Таширохима

За да се изборат со големиот број на глувци, на овој остров во 1850 година биле донесени стотина мачки. Со години подоцна, се намалувал бројот луѓето, а се зголемувал бројот на мачките, поради што сега го нарекуваат Остров на мачките. Сепак, за многумина би било  страшно да се најдат сами на место, на кое што владеат мачки.

- Реклама -