Визуелно издолжување на нозете во рамни обувки

Трендот што дизајнерите го најавија за претстојната сезона, ги поттисна високите потпетици во втор план.

Откриваме, три едноставни и ефикасни трикови за визуелно издолжување на нозете за време на дневни или вечерни прилики.

Патики, рамни обувки до глуждовите и балетанките уживаат рејтинг за речиси секакво излегување.

Моделите на женски обувки без високи потпетици, веќе минатата сеозна низ ревиите на големите дизајнери укажаа на иден пресврт во женската мода. Тезата „трпи за убавина“, стана минато, а реалноста го стави својот акцент на женствена и елегантна модерна жена, која чекори во рамни обувки.

Единствена маана која ја создаваат тие на фигурата е визуелно скратениот изглед на нозете, но стилистите пронајдоа решение за тоа. Идзолжената силуета во ниски обувки може да се постигне со помош на 3 многу лесни модни правила:

При изборот на чизми и обувки до глуждот, треба да се внимава нивната висина да не премине погоре. Добар трик за создавање на визуелно издолжени нозе е дизајнот со ременчиња на страничниот дел од обувките или обувките со откриени прсти. Таквите обувки ќе ја издолжат ногата, бидејќи дискретно ја откриваат голата кожа, а во студени денови се препорачуваат во комбинација со чорапи во светли бои. Делот на откриена кожа е главен визуелен трик за издолжена фигура. Со балетанките или популарниот модел оксфорд обувки, пожелно е да ги подвиткате панталоните.

Слична или иста нијанса на обувки и панталони, ќе и подари на секоја нога неколку сантиметри. Рамните обувки во боја на кожа, беж боја или боја на карамела, комбинирани со слични нијанси на панталони, дополнително ќе го зајакне ефектот на нозе без граници.

- Реклама -