Фатен мистериозен вселенски радио-сигнал од непознато потекло

Сигналот трае само неколку милисекунди, а прв пат е детектиран во 2007-ма година. Најден е по анализа на архивата на телескопот Паркс во Австралија. Потеклото не е познато, ама има бројни претпоставки – дека се работи за црна дупка во изумирање, неутронска ѕвезда, па дури и сигнал произведен од интелигентен живот.

Неодамна беа детектирани 6 нови импулси, кои доаѓаат од зад „границите“ на нашата галаксија. Седмиот импулс е фатен со помош на телескопот Арекибо во Порторико.

„Ние сме први кои детектирале сигнал во реално време. Секогаш претходно, импулсите беа најдени многу подоцна од моментот кога се случиле“, вели Д-р. Емили Петроф од Универзитетот во Свинбурн.

- Реклама -