Гумени фудбалски дресови?

Сме виделе се и сешто од фудбалските дресови во последните години. Од оние обиди на Наполи за бизарна камуфлажа, па до Шпанците кои вметнаа „смокинг“ стил во дизајнот на нивните.

Сепак, се чини дека норвешкиот фудбалски клуб СК Бран ги надмина сите ексцентрични појави на фудбалски дресови. Тие објавија гумени дресови.

Не, не е шега. Дресот е направен од истата гумена супстанца од која се направени гумените чизми и дождовните наметки кои ги носат луѓето во вонредни ситуации. Разликата е во тоа што дизајнот е многу полесен, со цел да може да се носи за време на натпреварите.

Бран често игра на ветер и снег во Норвешка, па се надева дека овој домашен дрес ќе ги сочува играчите суви и подготвени да го дадат максимумот на мечевите во тешки временски услови.

Се на се, добар потег.

- Реклама -